ЈАВЕН ПОВИК
за избор на стручно лице за учество во Комисија за јавна набавка на услуги за преведување, лекторирање, стручна редакција, уредување со назначен уредник, графичко-техничка подготовка на учебниците на веб и печатена верзија на учебниците за основно и средно образование
Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија има потреба од избор и ангажирање на 1 (едно) стручно лице за изработка на условите и барањата на следните услуги:
- Превод на учебниците на јазиците на кои се изведува наставата во основните и средните училишта со лектура, стручна редакција, уредување со назначен уредник, стручна редакција и уредување со назначен уредник на учебниците кои не се преведуваат, графичко-техничка подготовка на веб и печатена верзија.
Од стручното лице се очекува:
- Да изработи техничка спецификација на предметната набавка;
- Да учествува во изготвување на барање за јавна набавка;
- Да дефинира услови во техничката спецификација и барањето за јавна набавка на начин на кој ќе се запазат основните принципи од Законот за јавни набавки – конкурентност, еднаков третман, недискриминација, транспарентност, како и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапка за јавна набавка;
- Да одговара на прашања од областа за која ќе бидат избрани, поставени од страна на економските оператори до Комисијата за јавни набавки преку ЕСЈН;
- Да учествува во евалуација на понудите поднесени од понудувачите во врска со условите и барањата од техничките спецификации или од описната документација и финансиските понуди во врска со цената и условите утврдени во тендерската документација;
- Да подготви извештај за спроведената постапка.
Услови за аплицирање:
1. Стручно лице за изработка на условите и барањата на превод на учебниците на јазиците на кои се изведува наставата во основните и средните училишта со лектура, стручна редакција, уредување со назначен уредник, стручна редакција и уредување со назначен уредник на учебниците кои не се преведуваат, графичко-техничка подготовка на веб и печатена верзија.
- Да има минимум високо образование. Повисок степен на образование ќе се смета за предност;
- Да има докажано искуство во процесите на стручна редакција и уредување со назначен уредник на учебниците со графичко-техничка подготовка за објавување на веб страна и печатена верзија (уредник, стручен редактор или преведувач кој бил инволвиран во наведените процеси – издаваштво, превод, лектура, стручна редакција, уредување, подготовка за печат и печатење или ревизор/аудит кој бил инволвиран во евалуација и ревизија на наведените процеси – издаваштво, превод, лектура, стручна редакција, уредување, подготовка за печат и печатење).
Надомест за ангажманот
30.000MKD
Начин на аплицирање
Со доставување на потребната документација во Архивата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Напомена
Учесниците на Јавниот повик треба да достават документи со кои ќе ги докажат исполнувањето на условите, кратка биографија (CV) со референтна листа и кратко експозе (до 500 збора) во кое ќе ги опишат процесите и нивната визија за потребните критериуми и услови предмет на Јавната набавка.
Рок за аплицирање
Аплицирањето на јавниот повик трае заклучно со 26.4.2023 година до 15:00.