Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повик за искажување на интерес за рецензенти

Повик за искажување на интерес за рецензенти

 

Врз основа на член 14-а став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС


за  учество во комисија за давање мислење
по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметот:

 

-        Историја и општество за V одделение во деветгодишно основно образование;

 Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по горенаведениот предмет за   основно образование,  треба да ги исполнуваат следните услови:

-        Еден  наставник/соработник од факултетите од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата)  или  

-         Двајца  наставници од основно  образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

3.  Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-        уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 

-        изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

-        потврда за работно искуство  издадена од АВРСМ.

4. Пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 3, може да достават и:

За кандидатите од основно образование

·       доказ за стекнато звање наставник-ментор,

·       освоени награди како ментор на ученик на државни натпревари организирани од акредитирани здруженија на наставници во основните училишта и  меѓународни натпревари во кој учествуваат најмалку 10 држави,

·       просечен успех од најмалку 8 на судиите од прв циклус

·       дипломи/сертификати за професионално усовршување на наставниците преку акредитирани програми за обука, проекти одобрени од Министерството за образование и наука

За кандидатите од високо образование

·       Автор или учесник во подготовка на учебник или поглавие

·       Автор или коавтор на научни трудови објавени во меѓународни списанија

·       Учество на симпозиум со презентирање научен труд

·       Ангажираност како консултант во апликативна дејност

5. Сертификатите/уверенијата, како и документите од точка 4 не се услов за прифаќање на пријавата, но рецензентите ќе бидат дополнително бодирани согласно Критериумите за бодирање на пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 4 став 1 и Критериумите за бодирање на пријавените рецензенти кои ги исполнуваат условите од точка 4 став 2, при нивно рангирање во листата на избрани рецензенти.

Пријавата може да се преземе од веб страната на Министерството за образование и наука, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите e 25.01.2023 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar