Новости на Министерството за образование и наука

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време во Министерството за образование и наука

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА во рамки на проектот „Директно финансирање на трошоците кои произлегуваат од функционирањето на Оперативната структура за ИПА компонентата за Развој на човечки ресурси“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на определено време во Министерството за образование и наука врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/05,106/08,161/08,114/09, 130/09, 50/10 и 52/10).

Повеќе...

 

КОНКУРС за издавање на еден учебник за Информатика, еден учебник за Иновации и претприемништо (проектни активности) и еден учебник за Бизнис и претприемништво

КОНКУРС за издавање на еден учебник за Информатика во  прва година на средното образование (гимназиско, средното стручно и уметничко), еден учебник за Иновации и претприемништо (проектни активности)   во  прва, втора и трета година на гимназиско образование и еден учебник за Бизнис и претприемништво  четврта година на гимназиско и уметничко образование

Повеќе...

 

Известување за маатеријалите за обуки (Singapore Cooperation Programme-SCP)

Ве известуваме дека Министерството за надворешни работи на Сингапур достави материјали со календарот на курсеви за периодот 2012-2013, во рамките на програмата за (Singapore Cooperation Programme-SCP).

Министерството за надворешни работи на Сингапур исто така информира дека распоредот на курсевите од програмата на SCP е достапен и преку интернет страната на програмата - http://www.scp.gov.sg

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Симпозиум за Нано-сателити, Нагоја, Јапонија, 10-13 октомври 2012 година

Од 10 до 13 октомври 2012 година во Нагоја, Јапонија ќе се одржи Симпозиум за Нано-сателити, кој е еден од активностите на програмата на Обединетите Нации за 2012 година одобрена од Генералното Собрание.
Сите информации за учество на Симпозиумот може да се најдат на веб страната:

Повеќе...

 

СТРАТЕШКИ ПЛАН НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА 2012-2014 ГОДИНА

Министерството за образование и наука завзема централна улога во идниот развој на Република Македонија. Под ова се подразбира зголемување на интелектуалниот капацитет, вештини и компетенции на сите граѓани, намалување на сиромаштијата, економски развој, овозможување на зголемен и подобрен пристап и употреба на модерни научни и технолошки ресурси.

Повеќе...

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Меѓународен натпревар за образовни медиуми, Јапонија, 18-25 октомври 2012 година

Од 18 до 25 октомври 2012 година во Јапонија ќе се одржи Меѓународен натпревар за образовни медиуми. Се покануваат претставници од Република Mакедонија кои креираат иновативни образовни содржини да земат учество на овој натпревар.

Повеќе...

 

Натпревар за средношколци за најдобар есеј на тема „Зошто е кул да си стар?“

Делегацијата на Европската Унија во соработка со Министерството за образование и наука по повод Европската година на активно стареење и солидарност меѓу генерациите организира натпревар за најдобар есеј на тема „ Зошто е кул да си стар?“.
Двете институции ги покануваат учениците од средните училишта да испратат свои трудови на оваа тема најдоцна до 31 мај 2012.

Општи правила

Повеќе...

 

Соопштение

Во 2012 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Македонија во областа на науката, наградата “Гоце Делчев” се доделува за трудовите :

Повеќе...

 

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Македонски (Macedonia)Shqip