Почетна
  • Насловна
  • Линкови
  • Контакт
  • Мапа на сајтот
English English
Навигација
  • Насловна
  • Влада
  • Односи со јавност
  • Документи
АНКЕТА







Отворена реновираната машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“

Скопје, 8 јануари


Реновираната машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје денеска е пуштена во употреба. Во обновениот објект со капацитет од 278 легла се префрлени студентите кои досега беа сместени во руинираните бараки стари 45 години. Вложени се 25 милиони денари за реконструкција и пет милиони денари за опрема. Домот доби нова електрична и водоводна инсталација, современо опремени студентски соби, нов мебел и нови пристапни патеки.


Домот свечено го отворија премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Перо Стојановски. Претседателот на Владата најави дека годинава ќе почне изградбата на нов студентски дом и оти ќе бидат реконструирани и останатите домови.

  • Повеќе
Боцевски: Македонија засегната од гасната криза, во тек дипломатска активност за нормализирање на снабдувањето

Скопје, 8 јануари


Македонија е засегната со прекинот на испораката на руски гас и води интензивна дипломатска активност во координација со ЕК и земјите од регионот за надминување на настанатата криза, изјави вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски.

  • Повеќе
Боцевски: Фер избори, визна либерализација и национална акредитација за користење на ИПА фондовите - приоритети во 2009 година

Скопје, 8 јануари


Организирање фер и демократски избори, визна либерализација за македонските граѓани и добивање на целосната национална акредитација за користење на ИПА фондовите. Тоа се трите клучни приоритети на Република Македонија во 2009 година во однос на интеграцијата во ЕУ и добивањето датум за почеток на претпристапните преговори, изјави вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски.

  • Повеќе
Средба на вицепремиерот Ставрески со ресорните министерства во врска со мерките за подобрување на бизнис климата во Македонија

Скопје, 8 јануари

 

И З В Е С Т У В А Њ Е 

 

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија м-р Зоран Ставрески денеска, 8 јануари 2009 година, ќе одржи средба на која ќе се разгледуваат состојбите и ќе се предлагаат мерки за скратување на времето и трошоците при минување на стоките преку граничните премини.

  • Повеќе
Премиерот Груевски на отворање на нови простории во студентскиот дом „Стив Наумов„

Скопје, 8 јануари


И З В Е С Т У В А Њ Е 

 

Претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски денеска, 8 јануари 2009 година, во 12.00 часот ќе присуствува и ќе има обраќање на отворањето на нови простории во студентскиот дом Стив Наумов.

  • Повеќе
Премиерот Груевски на божикна литургија во „Света Петка“

Скопје, 7 јануари


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски со сопругата присуствуваше на Божикната литургија што се одржа во православниот храм „Света Петка“ во скопската населба Црниче.

  • Повеќе
123456789…СледнаПоследна
Syndicate content