Известување

Mинистерот за образование и наука Панче Кралев денес, присуствуваше на промоција на 49 учебници и учебни помагала, изданија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во своето обраќање Министерот Кралев  ја истакна важноста на издавањето на овие материјали за развојот на наставно – образовната и научноистражувачката дејност во Македонија. Министерот ја поздрави заедничката заложба и посветеност на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои овозможија во ваков краток период да обезбедат средства и да го произведат овој значителен број на учебници и учебни помагала.
Овие учебници и помагала се реализирани од започнувањето на функционирањето на единствената обединета издавачка дејност на Универзитетот и се издадени во текот на 2011 година.

Македонски (Macedonia)Shqip