Министерот за образование и наука на Република Македонија, м-р Панче Кралев и заменик министерот за образование и наука Сафет Незири денес одржаа работна средба со претставници на УСАИД, на која им беше презентиран проектот „Мултиетничко интегрирано образование“.
Главната цел на овој проект е да се подигне свеста во општеството за важноста од воведување на интегрирано мултиетничко образование во основните и средните училишта. Проектот конкретно ќе работи на организирање обуки, обезбедување на техничка помош и поддршка за раководствата на училиштата, административниот кадар како и за учителите и наставниците со цел воспоставување на интегриран мултиетнички пристап во образование.
Овој проект претставува зедничка иницијатива која произлезе од соработката помеѓу Министерството за образование и наука и Американската агенција за меѓународен развој во Република Македонија (УСАИД). Проектот е во траење од четири години и реализацијата на истиот изнесува 5,200,000 долари.
Konkurse fundit
- КОНКУРС за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Црна Гора за периодот 2013-2014 година
- КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата
- К О Н К У Р С за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2012/2013 година
- КОНКУРС за доделување еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд во 2012 година
- К О Н К У Р С за доделување на стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho) на Јапонија за 2013 година

























