6 април 2006
Одобрени предлозите за развој на првиот круг училишта вклучени во програмата за грантови

Според планираниот распоред сите седум Регионални одбори за евалуација одржаа состаноци во текот на март/април 2006 на кои ги оценија предлозите за развој на училиштата од првиот круг. Регионалните одбори за евалуација заклучија дека најголемиот број од училиштата подготвиле квалитетни документи кои ги исполнуваат востановените критериуми врз основа на што им се доделија грантови за развој на училиштата. Грантовите изнесуваат од 10 000 - 30 000 долари, во зависност од големината на училиштето, односно бројот на ученици во него. Документите на сите училишта од првиот циклус беа одобрени, со исклучок на документите на 4 училишта од регионот на Тетово кои се вратија на доработка. Се очекува тие да бидат одобрени на следниот состанок на Регионалниот одбор за евалуација, откако ќе бидат доработени според добиените упатства.

Во Регионалните одбори се вклучени претставници од сите заинтересирани страни: Државниот просветен инспекторат, Бирото за развој на образованието, ЗЕЛС, Стопанска комора на Македонија, СОНК и заедницата, и сите одлуки се донесуваат заеднички, врз основа на консензус.

Програма за грантови (Училишта од Круг 1)   

Copyright © ПМО 2006