Македонски Огласи ОУ Браќа Миладиновци, с. Царев Двор – Ресен: Оглас за помали градежни работи
ОУ Браќа Миладиновци, с. Царев Двор – Ресен: Оглас за помали градежни работи

1. ОУ Браќа Миладиновци, с. Царев Двор – Ресен, доби училишен грант од Светска банка / Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за помали градежни работи - реновирање на подот на училишните простории и изолирање на водоводната цевка. За таа цел треба да се извршат следните работи:

стругање со машина и лакирање на паркет, набавка и местење на  ламинат со изолација за една училница и набавка и местење на изолација на водоводна цевка.  

2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следните барања:

-          постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години;

-          успешно извршување на најмалку три договори во областа на градежништвото во изминатите три години;

-          соодветни простории за работа, опрема и работилници;

-          добри препораки од претходни клиенти;

-          законски регистрирана фирма од страна на локалните власти.

3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за детална техничка спецификација на следнава адреса:

ОУ Браќа Миладиновци, с. Царев Двор – Ресен,најдоцна до 10. 11.2008.

4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ – Покана за доставување на понуди за помали градежни работи, ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2. 

Лица за контакт: Невенка Спирова, Владе Ефтимовски