|
ОУ Кузман Јосифовски-Питу - Скопје, доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за прифатливи плаќања за набавка на современи наставни средства: 2 релјефни географски карти на Република Македонија, карта на Република Македонија, карта на светот, карта на Европа, наставни средства по физика (збирка за електромагнетизам, збирка оптика), хемија (3 комплети за хемиски вежби) и математика (3 геометриски комплети). Ве повикуваме доколку ги исполнувате следните услови: · Добри препораки од претходни клиенти; · Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; · Фирмата да е ДДВ обврзник да изразите интерес за доставување на покана за понуди за набавка на современи наставни срдества. Покана за понуди ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми, како и деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ. Изразите за интересот и краток опис на исполнувањето на наведените критериуми доставете ги на адреса: ОУ Кузман Јосифовски-Питу, Скопје Телефон: 02 3165 365 / факс: 3120 303 најдоцна до 05.11.2008 Лице за контакт: Вера Ангеловска, телефон: 071/365 095
|