|
ОУ БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ - с. ДОБРУШЕВО доби училишен грант од Светска банка/Владата на Холандија и има намера да искористи дел од средствата за прифатливи плаќања за изведување на помали градежни работи и тоа: · Инфраструктурни зафати во централното и подрачните училишта: с. Добрушево - парно греење и дограма с. Ношпал - дограма, под, кров, ограда, ел.инсталација с. Мусинци - дограма, под, кров, ограда с. Трап/Будаково - ограда 2. За договарачите да можат да аплицираат треба најмалку да ги исполнуваат следниве барања: o Постојана работа во областа на градежништвото, посебно во изградба и/или обнова на згради, куќи и јавни установи во изминатите две години; o Успешно изаршување на најмалку 3 договори во областа на градежништвото во изминатите 3 години; o Соодветни простории за работа, опрема и работилници; o Добри препораки од претходни клиенти; o Законски регистрирана фирма од страна на локалните власти; o ДДВ обврзник 3. Заинтересираните договарачи кои ги исполнуваат наведените критериуми за квалификација се покануваат да аплицираат за деталната техничка спецификација на следнава адреса: ОУ Браќа Миладиновци – с. Добрушево Тел и факс: 047- 292-056 Огласот трае од 26.09.2008 до 03. 10 .2008 Лица за контакт: Наташа Ставревска и Аница Арсовска, тел: 047- 292-056 4. Деталната техничка спецификација заедно со останатите рокови и услови, сите заедно како еден документ - Покана за доставување понуди за помали градежни работи ќе биде доставена од училиштето само до оние договарачи кои ги исполнуваат критериумите од точка 2.
|