|
КОМПОНЕНТИ НА ПРОЕКТОТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО
Проектот за модернизација на образованието се состои од три компоненти:
Компонента 1: Унапредување на квалитетот и учеството во образованието
Целта на оваа компонента е да се унапреди квалитетот на наставата и учеството во образованието во целните училишта преку зајакнување на планирањето и управувањето на училишно ниво, обука на наставниците во текот на работењето и преку имплементација на програмата за училишните грантови. Оваа компонента вклучува четири под-компоненти:
Под-компонента: 1.1 Развојно планирање на училиштата
Во рамките на оваа под-компонента училиштата ќе се овластат и обучат:
- да вршат самоевалуација
- да го мерат успехот на учениците преку формативно оценување
- да воведат планови за развој на училиштето
Под-компонента 1.2: Грантови за развој на училиштето (ГРУ)
Под-компонентата ќе обезбеди средства за финансирање на предлозите за грантови на училиштата и истовремено ќе ги постави потребните механизми за нивна имплементација. Оваа по-компонента вклучува пет актвности:
- Дизајн на процесот на ГРУ
- Пилот на ГРУ
- Имплементација на главната програма за ГРУ
- Информирање на јавноста
- Евалуација на ГРУ
Под-компонента 1.3: Оценување во образованието
Во рамките на оваа под-компонента ќе се спроведуваат интерни (формативни) оценувања и екстерни (национални и меѓународни) оценувања за да се следи подобрувањето на квалитетот во училиштата во текот на имплементацијата на Проектот. Активностите кои ја сочинуваат оваа под-компонента се следниве:
- Зајакнување и развој на Одделението за оценување
- Воведување на надворешните матурски испити
- Развој на оценувањето во училиштата.
Под-компонента 1.4: Обука на наставниците во текот на работењето
Во под-компонентата ќе се постави систем за акредитација за да се осигура дека услугите за обука на наставниците во текот на работењето се обезбедуваат од страна на повеќе понудувачи и дека тие ги задоволуваат соодветните стандарди за квалитет. Под-компонентата ги вклучува следниве активности:
- Воведување процедури & акредитација
- Развој на сервиси за обука
- Развој на систем за сертификација/лиценцирање
- Евалуација на сервисите за обука во текот на работењето
Компонента 2: Градење капацитети за децентрализирано образование
Целта на оваа компонента е да се изградат капацитети на централната и локалната власт за функционирање во децентрализиран образовен систем. Компонентата се состои од две под-компоненти:
Под-компонента 2.1: Стратешко и финансиско планирање
Под-компонентата ќе овозможи да се зајакнат капацитетите на централната и локалната власт за распределба на јавните средства според главните цели на образовната политика, преку подобрување на стратешкото и финансиското планирање на централно ниво и имплементација на соодветен стратешки образовен модел во пилот општините. Оваа под-компонента се состои од четири активности:
- Развој на стратешки образовен модел на централно и општинско ниво.
- Развој и воведување на среднорочна рамка на трошоци
- Развој на програмски буџет за образовниот сектор
- Развој на формула за финансирање на образованието по глава на ученик
Под-компонента 2.2: Информационен систем за менаџмент на образованието
Со информациониот систем ќе се зајакнат капацитетите на администрацијата на централно, локално и училишно ниво за собирање на информации со цел на поефикасно управување во вршењето на образовната дејност и обезбедување на поголема транспарентност на севкупниот систем. Под-компонента вклучува пет актвности:
- Оценка на сегашната состојба и развој на спецификации
- Развој на софтвер
- Набавка на хардвер
- Спроведување на обука
Компонента 3: Менаџмент на проектот
Третата компонента има за цел да обезбеди целосна координација и супервизија на активностите на проектот и да осигура највисок квалитет преку мониторинг и евалуација на проектните индикатори. Компонентата се состои од следниве активности:
- Координација на сите активности за имплементација на Проектот
- Управување и обезбедување на сите планирани пакети на техничка асистенција
- Мониторинг и евалуација на постигнувањата на Проектот, резултатите и буџетот.

|