За аплицирање за стипендија за постдипломски студии во Република Унгарија
Министерството за рурален развој на Р. Унгарија во соработка со Организацијата на храна и земјоделство на ОН (ФАО) за учебната 2012/2013 година, нуди можности за стипендирање на студенти од Република Македонија за постдипломски студии
во траење од 22 месеци на соодветни факултети во Унгарија, за следниве курсеви: 1.Заштита на растенијата (Plant protection), 2.Земјоделство(Agriculture), 3.Конзервација на дивиот свет и менаџмент (Wildlife Conservation and Management), 4.Земјоделска биотехнологија (Agriculture biotechnology), 5. Рурален развој и агробизнис (Rural Development and agribusiness) и 6.Наука за животните (Animal Science).
Патните трошоци за патување во и од Унгарија паѓаат на товар на кандидатите.
Курсевите ќе се реализираат на англиски јазик.
Аплицирањето се врши единствено по електронски пат на следнава адреса, на која можат да се добијат и подетални информации и формулари за аплицирање.:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите "> Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Постапката за аплицирање и изборот на кандидатите согласно со критериумите за добивање на овие стипендии наведени во приложените документи се спроведува од страна на давателот на стипендиите.
Краен рок за аплицирање е 28.02.2012 година.
Најнови конкурси
- Конкурс за Fulbright Student стипендии за академска 2013-2014 година
- Конкурс за доделување на 4 (четири) стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации
- Курс за земјоделско инженерство
- Стипендии за постдипломски студии финансирани од Jапонската влада
- Повик на УСАИД за проектни апликации (мрежа на решенија за високото образование)
Министер
м-р Панче Кралев
Министер за образование и наука на Република Македонија

|
КОНКУРС за доделување стипендии ------------------------------ |
|
|




















