АКАДЕМИЈА НА ЦЕНТРАЛНО ЕВРОПСКИ УЧИЛИШТА

ACES-(“Academy of Central European Schools”)

 

Што е АЦЕС?         Академијата на централно европски училишта (АЦЕС) од Виена, Австрија е нова иницијатива од страна на Австриската приватна фондација “ERSTE Foundation”. Иницијативата произлегува од убедувањето дека образованието, суштински придонесува за процесот на Европска интеграција. Меѓународната соработка помеѓу училиштата е од значителна улога. Особено развивање на соработката помеѓу училиштата во регионот, како и пограничната соработка придонесува за развој на заеднички перспективи на регионално и Европско ниво. Ко-ординатор на овој проект за АЦЕС е Interkulturelles Zentrum, исто така од Австрија.

 

Целта на АЦЕС      Целта на Академијата на централно европски училишта (АЦЕС) е етаблирање и проширување на Централно Европска мрежа на училишта. Тоа вклучува одржлив дијалог и соработка на младите луѓе,                                                                                                   креирање на континуирана мрежа базирана на знаење, учење и иновирање. Во овој контекст, меѓународното партнерство помеѓу училиштата нуди конкретна шанса како за интеркултурна размена така и за интеркултурна соработка. Следствено, една од целите на АЦЕС е проектно партнерство помеѓу училиштата од централна Европа, преку претходен натпревар на предлог проекти.

 

Услови за аплицирање за проектно партнерство помеѓу училиштата

  1. Ограничен повик за предлог проекти

Аплицирањето до АЦЕС од страна на училишните партнерски предлог проекти е ограничено на 6 апликанти од една соодветна земја.

  1. Критериуми за соодветните земји

2.1 Кој може да аплицира?

Досегашни соодветни земји кои аплицирале се: Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Романија, Србија, Словачка и Словенија. Нови земји кои можат да аплицираат почнувајќи од 2008год. се: Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Целна група: ученици од 12 до 17 години (средни училишта, средни стручни училишта, основни училишта).

Партнерството помеѓу училиштата за аплицирање на предлог проекти треба да е формирано од едно училиште кое ќе има улога на ко-ординатор и минимум едно или повеќе училишта партнери од други земји кои заеднички ќе го развиваат и имплементираат предложениот проект. Училиштето кое (ако е избрано) ќе биде ко-ординатор, ќе биде главен контакт со АЦЕС и ќе биде одговорно за континуирана координација со училиштата партнери (кои се во иста група) како и за пишување краток наративен и финансиски извештај до АЦЕС. Останатите партнерски училишта ја немаат таа одговорност.

Партнерството помеѓу училиштата може да биде:

Училиштата кои сè уште немаат партнер (од соодветни земји меѓу кои е и Македонија) може да го побараат on-line, преку интернет, користејќи го линкот на АЦЕС за побарување на партнер училишта на www.aces.or.at или на www.iz.or.at.  

        Тема за предлог проектите кои ќе ги достават партнерските училишта до Академијата за централно европски училишта АЦЕС

Партнерските училишта кои ќе аплицираат до АЦЕС со заеднички предлог проект на иста тема, треба да се фокусираат на темата која АЦЕС ја иницира за 2008/2009год. а таа е: ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ. Училиштата кои ќе аплицираат со предлог проекти до АЦЕС, треба да се движат кон горенаведената тема.

        Соодветни активности

Проектни идеи и имплементација: училишните партнерски предлог проекти треба да одговорат на темата: ИНТЕКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ.

АЦЕС ги мотивира училиштата партнери кои ќе аплицираат со предлог проект, да креираат свои активности, да користат иновативен пристап и методи за имплементација на проектната идеја. Доколку проектот биде избран од страна на АЦЕС, проектната идеја заеднички ќе се реализира од наставниците и учениците кои се земји партнери. Исто така, партиципиентите се охрабруваат да ги инволвираат и да соработуваат со заедницата ( на пример, родители, локалната власт, локални/регионални институции, експерти, компании, невладини организации, медиуми итн. ).

Јазик на комуникација: Комуникацијата со АЦЕС ќе се одвива на англиски јазик ( кореспонденција, извештаи и сл.) додека комуникацијата помеѓу училиштата од земјите партнери може да се одвива на јазик одреден според нив.  Ако партнерството е помеѓу соседни земји (на пр. Македонија и Србија) пожелно е комуникацијата да се врши на сопствениот јазик на земјата.

Времетраење на проектот: од септември 2008год. до март 2009год.

Локација: Активностите од партнерските проекти ќе се одвиваат на локации исклучиво во земјите партнери кои ќе учествуваат заедно на имплементација на проектот. 

 

Учество од едно училиште: Од едно училиште учествуваат еден наставник и еден ученик.

 

 

        Финансиски средства кои ги доделува АЦЕС за проект и нивна соодветна примена

Финансиите АЦЕС ќе ги трансферира директно на училиштата. Сумата на пари кои ќе се дадат од АЦЕС изнесува 1000 евра за секое училиште. На пример, ако учествуваат три земји со заеднички проект, тогаш секое училиште ќе добие 1000евра поединечно, односно 3000евра вкупно. Училиштето ко-ординатор ќе добие екстра бонус од 200евра.

Доделената сума на пари се однесува на активностите за имплементација на проектот. Исто така, училиштата партнери кои ќе го имплементираат заеднички проектот, може да искористат дел од средствата за опрема (камера и сл.) организирање на настани, работилници, средби (трошоци за патување) помеѓу учениците и наставниците од една земја со ученици и наставници од другата земја партнер.

Се препорачува проектните партнери да го зголемат својот буџет за проектот со дополнителни средства од други извори ( спонзори, локална власт итн. ).

 

Забелешка: Генерално, училиштата партнери ќе треба да најдат начин да се договорат како ќе ги поделат трошоците.

 

  1. Како да се аплицира

3.1 Апликативна форма

Апликативната форма се превзема од линкот на АЦЕС и во неа се внесуваат бараните податоци. Училиштата партнери пополнуваат само една апликативна форма, и во неа се пишуваат бараните податоци за заедничкиот предлог проект. На апликативната форма потребно е да стои потпис и печат од училиштето ко-ординатор, и потпишани и печатирани договори за партнерство од страна на другите партнери.

 

Апликацијата се пополнува на англиски јазик!

 

      3.2 Евалуација и селекција на апликантите

Меѓународна Комисија за селекција ќе ги вреднува примените партнерски предлог проекти по критериум на соодветност, и според критериумите за евалуација. Најдобрите ( бројот се уште не се знае, но за 2006/2007 беше ограничен на 24 предлог проекти) апликации за предлог проекти ќе бидат селектирани и наградени.

3.3 Каде и како да се прати апликативната форма

Пополнетата апликативната форма може да се испрати електронски по е-mail, или по пошта ( но не пишувана со рака ).

 

Електронски се праќа на следниот e-mail: tine.gamper@iz.or.at

По пошта на следната адреса:

Interkulturelles Zentrum (IZ)

c/o Christine Gamper / Rüdiger Teutsch

Bacherplatz 10

1050 Vienna

Austria

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Циклус на Академијата за централно европски земји (АЦЕС) 2008/2009

 

 

Работен план на АЦЕС 2008/2009

 

Дата

Активности

Јануари 2008

Подготовка за повик за аплицирање&информирање на национално ниво

Фебруари

Соопштување за "Повикот за аплицирање на училишни партнерски проекти" 2008/2009

30 Април

Краен датум за доставување на предлог проектите

Мај

 

Јуни

Селекција на предлог проектите од страна на Меѓународна Комисија за селекција

 

Информација до училиштата за селекцијата (дали се селектирани или не)

крај на Септември

Иницијален состанок со Делегациите од прифатените проекти

Септември 2008

 

-

 

Март 2009

 

 

Имплементација на прифатените партнерски проекти

Март/Април

"АЦЕС Академија" – Конференција со Делегации од проектите

Мај

Interkulturelles Zentrum:

Евалуација и документирање

Јуни 2009

Затворање на Циклусот на АЦЕС 2008/2009

 

Контакти:

tine.gamper@iz.or.at

www.iz.or.at

 

Tel:  +43 1 58644-10

Fax: +43 1 58644-9

 

Vienna, Austria

 

Се мотивираат училиштата во Македонија да го посетат web порталот на АЦЕС како и web порталот на Асоцијата  Воедно, така можат да пронајдат и партнер училиште и да аплицираат со предлог проект.