Образование Признавање на високообразовни квалификации

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Признавање на високообразовни квалификации Верзија за печатење

 

Постапката за еквиваленција и признавње на високообразовните квалификации стекнати во странство во Република Македонија се извршува согласно Законот за високото образование (“Сл. Весник на РМ” бр. 64/2000, 49/2003, 113/2005 и 51/2007) и ратификуваните меѓународни договори.

 

Информација за постапката за нострификација и потребната документација

 

Согласно новите измени на Законот за високото образование (“Сл. весник на РМ” бр. 51/2007), целокупната постапка за еквиваленција и признавање на високообразовните квалификации се врши во Министерството за образование и наука. Во рамките на Министерството за образование и наука за ова цел со Решение на министерот, формирани се пет комисии за еквиваленција и признавање на странските високообразовни квалификации за одделени на научни подрачја и тоа:

  • Научни подрачја за медицински науки и здраство
  • Научни подрачја за биотехнички науки
  • Научни подрачја за хуманистички науки
  • Научни подрачја за општествени науки
  • Научни подрачја за природно математички науки

Кандидатите заинтересирани за еквиваленција или признавње на нивните високообразовни квалификации стекнати во странство, нивните барања со целокупната документација ги доставуваат во Министерството за образование и наука, односно ИЦЕП (Информативниот центар за еквиваленција и признавње на странските високообразовни квалификации).

За потребната документација за започнување на постапката за еквиваленција и признавње на странски високообразовни квалификации, подолу се дадени образците со Листа на потребни документи, Барање како и Изјава.

ИЦЕП упатува барање за проверка на валидноста на странскиот високообразовен документ односно неговиот носител до институцијата која го издала документот.

ИЦЕП странската високообразовна квалификација ја проверува и од аспект на акредитација на странската високообразовна институција која истата ја издала.

Одлуката за признавање, односно еквиваленција на странската високообразовна квалификација ќе биде поништена во посебна постапка доколку одговорот на барањето за валидноста на документот односно носителот од странската високообразовна институција биде негативен, односно доколку странската високообразовна институција не е акредитирана во соодветна постапка

Комисиите за еквиваленција и признавање на странските високообразвни квалификации, донесуваат предлог на одлука за видот, степенот и називот на странската високообразовна квалификација односно употребата на академската односно научна титула во Република Македонија.

Одлуката за еквиваленција и признавање на странската високообразовна квалификација ја донесува и потпишува министерот надлежен за работите на високото образование.

Одлуката се издава во две примероци од кои едниот примерок му се врачува на барателот а еден примерок останува во Министерството надлежно за работите на високото образование.

Барањето за признавање на странската високообразовна квалификација може да биде целосно или делумно.

Ако завршена студиска (образовна) програма во странство, во споредба со домашна студиска (образовна) програма покажува суштински разлики во обемот, содржината или степенот на високото образование, а истите се битни за функцијата на квалификацијата, барањето за еквиваленција односно признавање на високообразовната квалификација стекната во странство не се признава во целост, при што комисијата е должна да ги образложи причините за непризнавањето како и обемот, видот и суштината на разликите.

Ако во постапката за еквиваленција односно признавање на странската високообразовна квалификација, комисиите утврдат отстапување и разлики во образовните програми, барателот може да биде упатен да положи дополнителни испити заради, отстранувањето на разликите.

Во овој случај, на предлог на комисијата министерот донесува одлука за делумна еквиваленција односно признавање.

Кога барателот ќе ги положи предвидените дополнителни испити барањето за еквиваленција и признавање се признава во целост.

Министерот надлежен за работите на високото образование го донесува и го објавува решението за еквиваленција и признавање на странската високообразовна квалификација во рок од 20 дена од денот на поднесувањето на барањето за еквиваленција и признавање на странската високообразовна квалификација, на предлог од комисијата.

Министерот надлежен за работите на високото образование го донесува и го објавува решението за еквиваленција и признавање на странската високообразовна квалификација во рок од 8 работни дена, доколку високообразовната квалификација е стекната на една од првите 500 универзитети рангирани на последната објавена листа од следните институции: Институт за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет, US News and World Report и Times Higher Education Supplement-World University Ranking.

Доколку министерот надлежен за работите на високото образование не го донесе и објави решението во предвидениот рок, решението за признавање на странската високообразовна квалификација ќе се смета дека е донесен.

 

Превземи:

изјава за признавање на странска високообразовна квалификација

листа на потребни документи

барање за признавање на странска високообразовна квалификација