|
|
|
09.10.2008 |
|
На 8.10.2008 година, министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски имаше средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Неговата екселенција Ендру Ки. На средбата се разговараше за различни теми поврзани со соработката во областа на образованието и науката помеѓу Република Македонија и Велика Британија.
|
|
Last Updated ( 09.10.2008 )
|
|
|
|
|
09.10.2008 |
|
Министерството за образование и наука, Ве информира дека на 09.10.2008 година, по повод Детската недела, Министерот за образование и наука г-дин Перо Стојановски, се сретна со преставници од децата членови на Детската организација на Македонија. Оваа организација функционира во рамките на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија. На средбата, членовите на Детската организација се запознаа со Министерот и разговараа на различни теми кои се однесуваат на децата. фотогалерија
|
|
Last Updated ( 10.10.2008 )
|
|
|
|
09.10.2008 |
|
Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука Ве известува дека во академската 2006/2007 година се запишале 8847 бруцоши, а во академската 2007/2008 година, се запишале вкупно 12700 бруцоши. Во оваа академска 2008/2009 година, по вториот уписен рок, се запишаа вкупно 16192 бруцоши што претставува 78% од вкупниот број на завршени средношколци во оваа учебна година. прочитај повеќе...
|
|
Last Updated ( 09.10.2008 )
|
|
|
|
|
07.10.2008 |
|
Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата СОНК денеска со свечена академија го одбележаа Светскиот ден на учителот. Образованието и учителите во Македонија играат исклучително важна улога во подигањето на младите личности, зголемувањето на знаењето и промовирањето на вистинските вредности, истакна во обраќањето премиерот Никола Груевски, кој е покровител на Академијата.
прочитај повеќе...
|
|
Last Updated ( 07.10.2008 )
|
|
|
|
04.10.2008 |
|
Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука во соработка со СОНК ги известува сите граѓани дека на 05 Октомври 2008 година по повод Светскиот ден на учителот, ќе се одржи Свечена Академија во Универзалната сала во Скопје во 15.30 часот под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. прочитај повеќе...
|
|
Last Updated ( 04.10.2008 )
|
|
|
|
|
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>
|
|
Страница 1 од 10 |