Новости СООПШТЕНИЕ за бројот на пријавени, запишани ученици и слободни места во средните училишта во Република Македонија по првиот уписен рок во двете пријавувања за учебната 2008-2009 година

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

СООПШТЕНИЕ за бројот на пријавени, запишани ученици и слободни места во средните училишта во Република Македонија по првиот уписен рок во двете пријавувања за учебната 2008-2009 година Верзија за печатење
03.07.2008

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните јавни училишта во Република Македонија во кои имаше слободни места се реализираше на 1 и 2 јули 2008 година. За вкупно 16.139 слободни места се пријавија 5597 ученици.

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места за вториот уписен рок, од средните училишта добиени се следниве податоци:

А.

Во Република Македонија во јавните средни училишта во второто пријавување во првиот уписен рок се пријавија вкупно 5 594 ученици од кои:

  • 3 217  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 2 152  ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 187  ученици за настава на турски наставен јазик,
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 38 повторувачи

Во второто пријавување во првиот уписен рок се запишаа вкупно 4 302 ученици од кои:

  • 2 888  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 1 265  ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 111  ученици за настава на турски наставен јазик.
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 38 повторувачи

Во вкупниот број на запишани ученици, не се пресметани и учениците од уметничките училишта бидејќи полагаат дополнителни испити.

Б.

Резултатите од двете пријавувања од првиот уписен рок се следните:

Вкупно се запишаа 21.496  ученици од кои:

  • 16.408  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 4.674 ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 297  ученици за настава на турски наставен јазик.
  • 0 ученици за настава на српски наставен јазик и
  • 117 повторувачи

Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 12 030 ученици од кои:

  • 7 579  ученици за настава на македонски наставен јазик,
  • 4 029  ученици за настава на албански наставен јазик,
  • 276  ученици за настава на турски наставен јазик,
  • 68 ученици на српски наставен јазик и
  • 78 за повторувачи

В.

СПОРЕД ВИДОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Запишани се вкупно:

  • 8 510 ученици во гимназиско образование од кои:
    • 6 282ученици на македонски наставен јазик
    • 2 019 ученици на албански наставен јазик
    • 182 ученици на турски наставен јазик
    • 0 ученици на српски наставен јазик
    • 27 повторувачи

  • 12 716 ученици во стручно образование од кои:
    • 9 891 ученици на македонски наставен јазик
    • 2 628 ученици на албански наставен јазик
    • 115 ученици на турски наставен јазик
    • 82 повторувачи

Слободни места за вториот уписен рок има за вкупно 12 030 ученици од кои:

  • 3 616 ученици во гимназиско образование од кои:
    • 2 205 ученици на македонски наставен јазик
    • 1 144 ученици на албански наставен јазик
    • 227 ученици на турски наставен јазик
    • 68 ученици на српски наставен јазик
  • 8 353 ученици во стручно образование од кои:
    • 5 363 ученици на македонски наставен јазик
    • 2 855 ученици на албански наставен јазик
    • 117 ученици на турски наставен јазик

Во средните училишта на Град Скопје слободни места за вториот уписен рок има во следниве училишта:

Р.бр

Училиште

Вкупно

мак.ј.

алб.ј.

тур.ј.

1

Зеф Љуш Марку

146

 

146

 

2

Јосип Броз Тито

42

 

 

42

3

Кочо Рацин

305

203

102

 

4

Панче Арсовски

25

25

 

 

5

Браќа Миладиновци

321

128

193

 

6

Георги Димитров (во стручно)

129

61

68

 

7

Д-р Панче Караѓозов

11

11

 

 

8

Арсени Јовков

21

21

 

 

9

Цветан Димов

142

74

44

24

10

Лазар Танев

74

8

66

 

11

Марија Кири Склодовска

224

156

68

 

12

Здравко Цветковски

277

167

110

 

13

8 Септември

524

255

269

 

14

Владо Тасевски

50

5

45

 

15

Димитар Влахов

158

133

25

 

16

Боро Петрушевски

33

 

33

 

17

Михајло Пупин

558

326

232

 

 

ВКУПНО

3040

1573

1401

6

Слободни места за запишување на ученици во вториот уписен рок има во сите општини во Република Македонија. Пријавувањето во вториот уписен рок ќе се спроведе на 20 август 2008 година, а резултатите ќе бидат објавени на 21 август 2008 година.


Одделение за односи со јавност