Новости Соопштение за приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Соопштение за приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата Верзија за печатење
19.06.2008

На Министерската конференција на ЕУРЕКА 2008, која се одржа на 6 јуни во Љубљана, беше потврден приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата.  Конференцијата ја отвори Јанез Јанша, Премиер на Република Словенија, а  збор зедоа и Јанез Поточник, Еврокомесар за наука и истражување и Мојца Куцлер Долинар, Министер за високо образование, наука и технологија на Република Словенија.

Меморандумот за разбирање во име на Владата на Република Македонија и Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, го потпиша проф.др Јован Лазарев, Заменик министер за образование и наука.

Проф.др. Лазарев се заблагодари за приемот и посочи дека со здобивањето на статусот земја членка, ќе се унапредат заедничките активности на истражувачкиот и бизнис секторот преку предлагање на иновациони и развојни проекти на Европско ниво, со можност за нивна имплементација во соработка со партнери од земјите членки на ЕУРЕКА.  Оваа иницијатива  нуди конкретни можности за вклучување на малите и средни претпријатија, големите компании, истражувачките центри и универзитетите во изготвување на пазарно ориентирани проекти неопходни за економскиот развој на земјата.

 


ИНФОРМАЦИЈА

 

ЕУРЕКА  ПРОГРАМА

 

Иницијативата (Програмата) ЕУРЕКА е европска мрежа на пазарно ориентирани истражувања и развој (Р&Д). Нејзина цел е е да се зајакне европската конкурентност по пат на унапредување на заеднички Р&Д, насочени кон пазарот.  Програмата ЕУРЕКА обединува 13.400 учесници од индустријата, главно мали и средни претпријатија, како и истражувачки центри и универзитети.
Во периодот 2007/2008 година земја-претседавач со ЕУРЕКА програмата беше Република Словенија. На ЕУРЕКА состанокот на Групата високи претставници на  земјите-членки (ХЛГ), што се одржа од 24 до 26 октомври 2007 г. во Марибор, Република Словенија, Република Македонија се стекна со НИП статус (Натионал Информатион Поинт). Стекнувањето на овој статус овозможува активно вклучување на македонскиот бизнис сектор во пласирањето на своите иновативни и развојни проекти на европскиот пазар на идеи, со можност за нивна реализација во соработка со заинтересирани партнери од земјите членки.

Од 20-21 декември, 2007 година на покана на Министерството за образование и наука, во Скопје престојуваше г-динот Халада Сватоплук, претставник на ЕУРЕКА Секретаријатот во Брисел. Целта на неговата посета беше дефинирање и утврдување на темите за организирање на ЕУРЕКА Инфо ден, заради подетално запознавање на потенцијалните учесници со можностите кои ги нуди оваа Програма.
 На 30 јануари 2008 година, во просториите на Клубот на пратеници се одржа ЕУРЕКА ИНФО-ДЕН на кој присуствуваше претседавачот со ЕУРЕКА од Република Словенија, г-дин. Алеш Михелич, кој одржа презентација за ЕУРЕКА во рамките на Европа и поддршката на развојот и иновациите, како и претставникот од ЕУРЕКА Секретаријат во Брисел, г-дин. Халада Сватоплук, кој говореше за ЕУРЕКА правилата за учество во проекти.

На ИНФО ДЕНОТ беа поканети претставници од индустријата, бизнис секторот, како и од истражувачки центри и универзитети во Република Македонија. Поздравно обраќање на ИНФО ДЕНОТ имаше Заменик-министерот за образование и наука Јован Лазаров.
Од 26-27 Март, 2008 година во Скопје по втор пат престојуваа г-дин Алеш Михелич и г-дин Сватоплук Халада и за време на нивната посета беа остварени средби со претставници од Машинскиот факултет, претставници од Агенцијата за подршка на претприемништвото во Република Македонија како и претставници на организации кои подготвуваат ЕУРЕКА предлог проекти. Исто така беше прегледана и драфт верзијата на Цоунтрѕ Апплицатион Репорт за Република Македонија, кој требаше да биде подготвен од наша страна и поднесен до ЕУРЕКА Секретаријатот во Брисел.

Во рамки на активностите за исполнување на критериумите со цел стекнување на статус на полноправна членка, беше и изготвувањето на конечната верзија на Цоунтрѕ Апплицатион Репорт за Република Македонија. На состанокот на Групата високи претставници на  земјите-членки (ХЛГ), што се одржа од 10 до 11 Април  2008 г., во Порторож, Република Словенија, беа презентирани клучните моменти од овој Извештај, по што со акламација беше изгласан приемот на Република Македонија за полноправна членка во ЕУРЕКА Програмата.

Република Македонија на Министерската конференција на ЕУРЕКА 2008, која се одржа на 6 јуни во Љубљана, беше официјално примена за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата.  Меморандумот за разбирање го потпиша проф.др Јован Лазарев, Заменик министер за образование и наука.  Сите учесници го изразија своето задоволство од приемот на РМ во ЕУРЕКА и ни подадоа рака во поглед на идната проектна соработка. 

Со добивањето на статусот земја членка, ќе се овозможи активно вклучување на истражувачкиот и бизнис секторот преку предлагање на иновациони и развојни проекти, со можност за нивна имплементација во соработка со партнери од земјите членки на ЕУРЕКА.  Министерството за образование и наука ќе треба да обезбеди посебен фонд на средства за ЕУРЕКА, со цел да ги поттикне учесниците да предлагаат одржливи пазарно ориентирани проекти, во насока на економскиот развој на земјата.  Со оваа иницијатива, Министерството за образование и наука ќе настојува да направи мост помеѓу науката и бизнис секторот, чие досегашно учество во науката е незначително.  
За подетални информации во врска со соработката ве молиме да се обратите до:

Министерство за образование и наука
Сектор наука-Одделение за меѓународна соработка во науката и ФП7

Јулијана Балевска,  ЕУРЕКА Национален  проектен координатор(НПЦ)  
тел: +389 2 3118 022 лок. 127: факс: +389 2 3237 701
е-маил: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it