|
Известување за учество на Министерот на свеченото отворање на САЕМ на виртуелни училишни компании |
|
|
11.04.2008 |
|
Утре, на 12.04.2008 година (сабота), во СОУ „Арсени Јовков„- Чаир, Скопје,во 10.30 часот, Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити ќе присуствува на свеченото отворање на САЕМ на виртуелни училишни компании. Овој саем е во рамките на проектот ЕКО НЕТ, финансиран од Австриската развојна соработка а импленетиран од КултурКонтакт во соработка со Министерството за образование и наука на РМ. (повеќе информации на веб страната www.econet-see.com). На свечано отварање ќе присуствуваат истотака и Австрискиот конзул г-ѓа Сабине Кернталер и г-ѓа Емануел Гиноф, претставник од канцеларијата на Европската комисија во Скопје. По овој повод Министерот за образование и наука ќе има обраќање.
|