Новости

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Министерсво за Образование и Наука
СООПШТЕНИЕ за бројот на пријавени, запишани ученици и слободни места во средните училишта во Република Македонија по првиот уписен рок во двете пријавувања за учебната 2008-2009 година PDF Верзија за печатење E-mail
  
03.07.2008

Второто пријавување во првиот уписен рок во средните јавни училишта во Република Македонија во кои имаше слободни места се реализираше на 1 и 2 јули 2008 година. За вкупно 16.139 слободни места се пријавија 5597 ученици.

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици како и бројот на слободни места за вториот уписен рок, од средните училишта добиени се следниве податоци:

Повеќе...
 
Соработка за промоција на награди за иновативните умови за младите Европјани PDF Верзија за печатење E-mail
  
01.07.2008

Министерството за образование и наука ги информира училиштата дека Чешка организира натпревар за учениците од средните училишта во наука и технолошки дисциплини. Натпреварот опфаќа пет дисциплини:

  1. ИЦТ
  2. Здравје и квалитетен живот
  3. Животна средина
  4. Производство и Технолошки иновации
  5. Дизајн и архитектура

Сите потребни информации ќе ги најдете веб страницата www.innovatingminds.eu или www.ceskahlava.cz.

Краен рок за пријавување е 10 септември 2008 година.

Свечената церемонија ќе се одржи во Прага во октомври 2008 година.

Last Updated ( 03.07.2008 )
 
Соопштение за приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата PDF Верзија за печатење E-mail
  
19.06.2008

На Министерската конференција на ЕУРЕКА 2008, која се одржа на 6 јуни во Љубљана, беше потврден приемот на Република Македонија за полноправна членка на ЕУРЕКА Иницијативата.  Конференцијата ја отвори Јанез Јанша, Премиер на Република Словенија, а  збор зедоа и Јанез Поточник, Еврокомесар за наука и истражување и Мојца Куцлер Долинар, Министер за високо образование, наука и технологија на Република Словенија.

Меморандумот за разбирање во име на Владата на Република Македонија и Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити, го потпиша проф.др Јован Лазарев, Заменик министер за образование и наука.

Повеќе...
 
Соопштение за уписни рокови во средните училишта PDF Верзија за печатење E-mail
  
17.06.2008

Ве известуваме дека утре 18.06.2008 година започнува рокот за запишување на ученици во средните училишта. Од учебната 2008/2009 година сите ученици кои завршиле осмо одделение, согласно Законот за средно задолжително образование, се обврзани  да се запишат во средни училишта. Според статисктика на Министерство за образование и наука, осмо одделение оваа година имаат завршено 27.286 ученици. Министерството за образоавние и наука објави Конкурс за запишување на ученици во јавните средни училишта за над 33.000 слободни места или 993 паралелки во ниво на Република Македонија.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот рок.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на  18 и 19 јуни 2008 година, а резултатите од запишувањето и сло­бод­ните места ќе се објават на  20 јуни 2008  година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на  25 јуни 2008 година, а резултатите ќе се објават на 26 јуни 2008 година.

Второто пријавување од јунскиот уписок рок и запишување на учениците ќе се врши на 1 и 2 јули, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 3 јули 2008  година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 20 август во училиштата во кои има непополнети места, а резул­та­тите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 21 август 2008 година.

Училиштата кои во двата уписни рока не ги потполниле утврдените ученички места за запишување со овој Конкурс продолжуваат со запишување на учениците до 31  август 2008 година.

Пријавувањето за програмата Меѓународна матура во Гимназијата “Јосип Броз Тито” се врши  од 19 до 23 мај 2008 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од V - VIII одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик  и два предмети што се од значење за струката);
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од (мајчин јазик, странски јазик  и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);
  • средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

Во средното уметничко образование (музичко, балетско и ликовно) и спортската гимназија, училиштата утврдуваат дополнителни кри­те­риуми.

За средниот успех од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (средниот успех од петто, шесто ,седмо и осмо одделение се собира, се дели на четири  и истиот број се множи со коефициент 10);

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни пред­мети  (два наставни предмети задолжително за  сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари - 5 поени , за освоено место од  републички :3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од V до VIII одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени (примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од петто, шесто, седмо и осмо одделение поделено со 4).

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување со таксена марка од 50 денари;
  • оригинални свидетелства од V до VIII одделение;
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

За програмата за Меѓународна матура во Средно училиште на Град Скопје “Јосип Броз Тито” условите, роковите за запишување, потребните документи и сите други потребни информации ќе бидат објавени на огласна табла на училиштето.

Одделене за односи со јавност

Last Updated ( 17.06.2008 )
 
Известување за посета на министерот Рушити во СГУ “Гостивар“ PDF Верзија за печатење E-mail
  
11.06.2008

Утре, 12.06.2008 година (четврток), во 09:00 часот, Министерот за образование и наука, Сулејман Рушити ќе биде присутен во средното гимназиско училиште "Гостивар" во Гостивар по повод на реализирањето на првиот екстерен испит на државна матура.

Се покануваат сите медиуми.

Одделение за односи со јавност

Last Updated ( 17.06.2008 )
 
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>

Страница 1 од 19