Конкурси arrow КОНКУРС за доделување на стипендии во траење од 36 месеци за учење на италијански јазик и култура во Перуџа или Сиена

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

КОНКУРС за доделување на стипендии во траење од 36 месеци за учење на италијански јазик и култура во Перуџа или Сиена Верзија за печатење
25.04.2008

Владата на Италија за учебната 2008-2009 година доделува стипендии во траење од  36 месеци за изучување на италијански јазик и култура (за студенти од државните Универзитети во Р.М) на Универзитетите за странци во Перуџа или Сиена, и тоа:

  1. 15 двомесечни стипендии се наменети за редовни студенти на ИИИ година на Катедрата за италијански јазик на Филолошкиот факултет- Скопје;
  2. 6 едномесечни стипендии се наменети за студенти на ИИ и ИИИ година, а кои студираат на: Архитектонски факултет, Факултет за музичка уметност, Факултет за ликовни уметности, Факултет за туризам, Педагочки факултет, како и на Филозовски факултет.

Неопходни документи за конкурирање:

  • Формулар за барање на стипендија
  • фотокопија од Индексот за запишан семестар, односно година;
  • фотокопија од првата страница на Индексот
  • уверение за положени испити со среден успех (8.00);
  • да не се корисници на стипендии од Владата на Република Италија;
  • потврда или изјава за познавање на италијанскиот јазик;
  • документ за докажување на државјанството (уверение за државјанство, фотокопија од лична карта или пасош).

Документите се доставуваат во два примероци.

Краен рок за пријавување е 9 мај 2008 година.

Формулари за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации можат да се добијат во
Министерството за образование и наука,
Бул. “Илинден” б.б. - Скопје,
тел  3118 - 022, локал 127.