Конкурси arrow К О Н К У Р С за доделување на две стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Монбукагакусхо) на Јапонија

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел:++389(2)3117-277
факс:++389(2)3118-414
e-mail: contact@mofk.gov.mk

К О Н К У Р С за доделување на две стипендии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Монбукагакусхо) на Јапонија Верзија за печатење
08.04.2008

Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: Времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2009 - март 2011 год.) или 1,5 години (октомври 2009 до март  2011 год.).

б) Последипломски студии- магистратура или докторат, (април или октомври 2009 година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

Стипендиите се наменети за усовршување или последипломски студии во следните научни области и дисциплини:

  • хуманитарни и општествени науки: литература, историја, естетика, право, политика, економија, комерцијално работење, педагогија, психологија, социологија, музика , уметност и сл.
  • природни науки: инженерство, земјоделство, рибарство, фармакологија, медицина, стоматологија и сл.
Заинтересираните кандидати, треба да ги исполнуваат следните услови:
  • да се државјани на Република Македонија;
  • да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;
  • да имаат стекнато универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2009 год.);
  • да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
  • да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик;
  • да се ментално и физички здрави.


Краен рок за пријавување: 9 мај 2008 год.

Формулари за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации можат да се добијат во
Министерството за образование и наука,
Бул. “Илинден” б.б. - Скопје,
тел 3118 - 022, 3115-324, локал 131.