Конкурси

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 277
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Министерсво за Образование и Наука
КОНКУРС за пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште E-mail
  
02.09.2008

Врз основа на член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на основно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005) и член 4 од Правилник за постапката и начинот на полагањето на испитот за директор на средно училиште, како и формата и содржината на уверението (,,Службен весник на Република Македонија,, број 36/2005), Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште, објавува

 

КОНКУРС
за пријавување на кандидати за подготовка за полагање на испит за директор на основно и јавно средно училиште

 

Министерството за образование и наука - Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште објавува дека од 1 септември заклучно со 12 декември 2008 година трае пријавувањето на кандидатите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

На овој конкурс може да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите за директор на основно, односно средно училиште утврдени во Законот за основното образование, односно во Законот за средното образование.

Кон пријавата кандидатот треба да приложи:

  1. Диплома за завршено соодветно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  2. Потврда за работно искуство во воспитно-образовна дејност во установи верифицирани од Министерството надлежно за образование и наука;
  3. Уверение за стекната педагошко-психолошка и методска подготовка (ако кандидатот има стекнато образование на ненаставнички факултет или ненаставна група на факултет)
  4. Кратка работна биографија (резиме, curriculum vitae) и
  5. Лекарска потврда за психофизичката состојба на кандидатот. 

На сите кандидати кои ги исполнуваат условите за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште ќе им се издаде потврда со која ќе можат да се пријават во акредитираните установи за подготовка за полагање на испит за директор на основно, односно средно училиште.

Пријавата со документацијата се доставува по пошта или директно во архивата на Комисија за полагање на испит за директор на основно и средно училиште чие седиште е во Министерството за образование и наука, ул. ,,Димитрија Чуповски,, бр. 9 Скопје.

Некомплетните документи и пријавите кои ќе пристигнат по рокот утврден во овој конкурс нема да се земат во предвид.

потребни документи:


молба за полагање на испит за директор
пријава за подготовка за кандидат за директор
жиро сметка за испит за директор и за издадена потврда

Last Updated ( 02.09.2008 )
 
Стипендии “Еуџен Јонеску“ за 2008/2009 год. за докторанти и истражувачи од земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонија E-mail
  

 

Стипендиите “Еуџен Јонеску“ за 2008/2009 год. ги доделува Универзитетската агенција на франкофонија на Романија а сенаменети за  докторанти и истражувачи од  земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонија.

Конкурсот за пријавување е отворен од 21 јули 2008 год., а краен рок за поднесување на документите, во Регионалната Канцеларија на УАФ за централна и источна Европа со седиште во Букурешт, е 20 септември 2008 година.

Услови за учество на конкурсот:

- да се франкофони;

- да се редовно запишани на докторски  студии на  Универзитетите во Р. Македонија -членки на УАФ;

- да не се постари од 40 години на датумот на повикот за конкурирање;

- да изберат тематското подрачје кое  се наоѓа на листата на предложени подрачја;

- да дадат  писмено образложување на  мотивацијата;

- да изберат институција домакин во Романија;

- да  ги приложат  сите барани документи (во член 7) : опис на проектот за истражување, дипломи, признанија и др.;

- да ги достават кандидатурите со сите потребни документи најдоцна до 20 септември 2008 год на следнава адреса:

Bureau Europe centrale et orientale
1, rue Schitu Magureanu
Local de l'Université de Bucarest
050025 Bucarest
ROUMANIE
Téléphone: +40 21 312 12 76
Télécopie: +40 21 312 16 66
Courriel: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
Toile: www.europe-centrale-orientale.auf.org

За подетални информации отворете ја web страницата: www.auf.org/regions/europe-centrale-orientale/appels-d-offres/bourses-de-recherche-doctorale-et-de-post-doctorat-eugen-ionescu-appel-international-a-candidatures-2008/2009.html

 
Стипендии за курс за усовршување од областа на одржлив развој на земјоделието во земјите од медитеранот, во организација на CIHEAM медитерански земјоделски институт од Бари PDF E-mail
  
12.08.2008
Организатор:  CIHEAM – Медитерански Земјоделски Институт од Бари 
Цел:  Курсот е наменет за усовршување на вкупно 24 учесници од балканските и медитеранските Земји, по можност лица од национални Центри за истражување, јавна администрација, универзитетски Институции и други земјоделски установи.
Место: Бари, Медитерански Земјоделски Институт
Времетраење:
8 месеци, од кои 4,5 месеци во Италија и 3,5 месеци наменети за изучување on line на дистанца од Земјата на потекло на учесникот; работни јазици ќе бидат англискиот и италијанскиот; датум на почеток на курсот е 3 ноември 2008 година;
Стипендија: Стипендијата опфаќа: трошоци за школарина, сместување, храна, осигурување, месечен џепарлак од 150 евра и 100 евра за првично сместување веднаш по доаѓањето;
Потребно е: Диплома од областа на земјоделието или биологија, преведена на италијански јазик од судски преведувач чиј што потпис е депониран при оваа Амбасада; добро познавање на англискиот и познавање на италијанскиот јазик; биографија, лист со лични податоци, копија од пасош, писмо своерачно потпишано во кое се опишува мотивот за кој што се конкурира, своерачно потпишана изјава за враќање во Земјата на потекло после завршувањето на курсот; евентуални препораки од професори  или  работодавци.
Процедура: Да се поднесе барање (формуларот може да се симне од Веб страницата на Амбасадата www.ambskopje.esteri.it) заедно со горенаведените  документи; кандидатот треба да поднесе 3 комплета од својата документација (еден во оригинал и други 2 копии). Барањето  треба да биде испратено по електронска пошта на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it .
Рок: 8 септември 2008
Лице за контакт:
Г- ѓа Стефаниа Ланџу
Тел. +389 2 3236 523
е-пошта: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it  
Формулар:
превземете
Last Updated ( 02.09.2008 )
 
КОНКУРС за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал на Технолошко-Техничкиот факултет во Велес PDF E-mail
  
31.07.2008
Врз основа на член 34 од  Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008) и Законот за основање на Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет  во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола (“ Службен весник на РМ” бр. 81/2008), Матичната комисија на Технолошко-техничкиот факултет-Велес објавува  

КОНКУРС
за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал

 

Технолошко-техничкиот факултет-Велес има потреба од:

I. Наставници во сите наставно-научните звања за научните области/предмети:

  1. Технологија на прехрамбените производи: 5 извршители.
  2. Машинство: 5 извршители.
  3. Математика: 1 извршител.
  4. Физика: 1 извршител.
  5. Хемија: 1 извршител.
  6. Биологија: 1 извршител.
  7. Информатика: 1 извршител

 II. Соработници:

II.1. Асистенти  за наставно-научните области/предмети:

-  Технологија на прехрамбени производи - 1 извршител;

-  Машинство - 1 извршител;

II.2. Помлади асистенти за наставно-научните области/предмети:

-  Технологија на прехрамбени производи - 1 извршител;

-  Машинство - 2 извршители;

-  Математика - 1 извршител.

III. Административен кадар и помошен персонал

  1. Секретар, со ВСС , дипл. Правник - 1 извршител. 
  2. Благајник-сметководител, со ВСС, дипл. Економист - 1 извршител.
  3. Координатор-референт на кредит трансфер системот, со ВСС - 1 извршител.
  4. Референт за студентски прашања, со ВСС - 1 извршител.
  5. Информатичар, ВСС - 1 извршител.
  6. Економ - домаќин, со ССС , Средно техничко образование - 1 извршител.
  7. Хигиеничар, со ССС - 1 извршител.
  8. Портир-чувар, со ССС и лиценца за обезбедување - 1 извршител.

Критериуми за избор:

За кандидатите од глава I  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во наставно-научни звања од член 124 и 125 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.1.  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во  асистент од член 130 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.2.  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во помлад  асистент од член 129 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава I  и од глава II, ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 134 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава III   ќе засноваат работен однос на неопределно време.

За кандидатите од глава  III работното искуство ќе се смета за предност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови предвидени во Законот за работните односи, а  задолжително  доставуваат:

  1. Пријава;
  2. Кратка биографија;
  3. Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар;
  4. Листа од научни трудови објавени во публикации и потврда за познавање на странски јазик ( за кандидатите од глава I  и глава II);
  5. Потврда за тригодишно работно искуство или потврда за еден мандат како помлад асистент ( за кандидатите од глава II.1.)
  6. Уверение за положен стручен испит (лиценца) во оригинал или копија заверена кај нотар ( за кандидатите од глава III, точка 8);
  7. Извод од матична книга на родените;
  8. Уверение за државјанство.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 4-ти август, до Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, на ул. “Бул. 1-ви Мај” бб со назнака “За Матичната комисија на Технолошко-технички факултет-Велес”.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување.

Конкурсот е објавен на интернет страницата:

http://www.uklo.edu.mk

Информации на телефон: 047 223 788

Last Updated ( 31.07.2008 )
 
КОНКУРС за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал на Правниот факултет во Кичево PDF E-mail
  
31.07.2008

Врз основа на член 34 од  Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008) и Законот за основање на Технолошко-технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет  во состав на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола (“ Службен весник на РМ” бр. 81/2008), Матичната комисија на Правниот факултет-Кичево објавува

КОНКУРС
за избор на наставници, соработници, административен и помошен персонал

 

Правниот факултет-Кичево  има потреба од:

I. Наставници во сите  наставно-научните звања :

- од областите  на правните науки:  5 извршители:

- од областите на економските науки : 1 извршител;

- од областите на политичките науки: 1 извршител.

II. Соработници:

II.1.  Aсистент од областите  на правните науки: 1 извршител.

II.2. Помлади асистенти од областите на правните науки: 3 извршители.

III. Административен кадар и помошен персонал:

  1. Секретар, со ВСС , дипл. правник - 1 извршител. 
  2. Референт за студентски прашања, со ВСС - 1 извршител.
  3. Благајник-сметководител, со ВСС, дипл. Економист- 1 извршител.
  4. Информатичар, со ВСС  -  1 извршител.
  5. Економ - домаќин, со ССС , Средно техничко образование - 1 извршител.
  6. Хигиеничар,  со ССС  - 2 извршители.
  7. Портир-чувар, со ССС и лиценца за обезбедување - 1 извршител.

Критериуми за избор:

За кандидатите од глава I  при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во наставно-научни звања од член 124 и 125 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.1.   при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во  асистент  од член 130 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

За кандидатите од глава II.2.   при изборот ќе се применуваат критериумите за избор во помлад  асистент  од член 129 од Законот за високото образование (“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава I  и од глава II, ќе бидат избрани во рокови кои се определени во член 134 од Законот за високото образование(“ Службен весник на РМ” бр. 35/2008).

Кандидатите од глава III ќе засноваат работен однос на неопределно време.

За кандидатите од глава  III работното искуство ќе се смета за предност.

Кандидатите треба да ги исполнуваат и  општите услови предвидени во Законот за работните односи, а задолжително  доставуваат:

-  Пријава;

-  Кратка биографија;

-  Диплома за завршено образование, во оригинал или копија заверена кај нотар;

- Листа од научни трудови објавени во публикации и потврда за познавање на странски јазик (за кандидатите од глава I  и глава II);

- Потврда за тригодишно работно искуство  или потврда за еден мандат како помлад асистент (за кандидатите од глава II.1.);

- Уверение за положен стручен испит (лиценца) во оригинал или копија заверена кај нотар ( за кандидатите од глава III, точка 7);

- Извод од матична книга на родените;

- Уверение за државјанство.

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна до 4-ти август, до Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”-Битола, на ул. “Бул. 1-ви Мај” бб, со назнака “За Матичната комисија на Правен факултет-Кичево”.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се земат на разгледување.

Конкурсот е објавен на интернет страницата:

http:// www.uklo.edu.mk

Информации на телефон: 047 223 788

 

Last Updated ( 31.07.2008 )
 
<< Почеток < Назад 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Повеќе > Крај >>

Страница 1 од 11