|
ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА ГО ПОЗДРАВУВААТ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОМОШ НА ШКОЛИТЕ |
|
ДИРЕКТОРИ НА УЧИЛИШТА ГО ПОЗДРАВУВААТ ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ ЗА ПОМОШ НА ШКОЛИТЕ Без добри клупи и санитарии паѓаме на испитот
Директори на училиштата го поздравуваат владиниот проект за поправка на санитарните јазли во школите што се во катастрофална состојба и набавка на нови клупи за што од државниот буџет ќе се одвојат 6,5 милиони денари. Велат, ова ќе биде од особено значење за учениците, бидејќи навистина со години наназад санитарните јазли се вистинки хорор за нив, а инвентарот поминал бројни генерации и неопходно е да се смени. Тие предупредуваат ако нема добри санитарни јазли, добри клупи и да ги добијат компјутерите во училиштата, ќе паднат на испитот.
- Се качуваме некаде, а немаме темел. Во оваа смисла, гестот на владата за новите клупи и реконструкцијата на санитарните јазли е за поздравување. Многу не израдува веста, па му честитав на министерот за образование Сулејман Рушити. По 50 години колку што ни се стари училиштата, дури не се ни помислувало да се вложи во санитарните јазли, вели Нада Молеровиќ, директор на ОУ "Димитар Миладинов" во Скопје и претседател на Здружението на директори на основни училишта.
А токму во ова централно основно училиш те со добри услови, слаба точка, како и во останатите основни, но и средни училишта се санитарните јазли. Како што дознаваме, во "Димитар Миладинов" родителите веќе ја разгледувале можноста да соберат пари и да ги реновираат санитарните јазли. Но, штом сега Владата ќе донира средства за таа намена, парите ќе ги пренаменат за друга приоритетна работа.
- Родителите сами следејќи ги финансиските услови и на училиштето и на општината предлагаат да се вклучат со одредена финансика помош за одредени проиоритети. Тие се чувствителни кога станува збор за пари, но имаат желба, бараат спонзорства се во интерес на децата, вели претседател на Совет на родители од едно скопско основно училиште. Така, родителите донираат шкафчиња, завеси, бојадисуваат ѕидови, набавуваат телевизори, видеа...
Милена ГЕОРГИЕВСКА
|