|
Реконструкција на училиштата |
|
ВЛАДАТА ЌЕ ОДВОИ 6,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД БУЏЕТОТ ЗА 2008 ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС Нови 100.000 клупи за 400 училишта Освен за набавка на нови училишни клупи,дел од овие средства ќе бидат наменети и за реконструкција на санитарните јазли во училиштата,кои во моментов се во катастрофална состојба.Премиерот Никола Груевски смета дека тие досега биле срам за образовниот систем и извор на заразни болести
Со 6,5 милиони денари од буџетот за 2008 година, Владата ќе набави 95.000 клупи и ќе ги реконструира санитарните јазли во околу 400 основни и средни училишта.Според Премиерот Никола Груевски, основна причина за досегашната лоша состојба во училиштата е неправилната политика на досегашните влади во поставувањето на приоритетите.Тој смета дека ваквите проекти одат во насока на максимална реализација на предвидените реформи во образованието. -Нашите деца учеа во мизерни услови, а санитарните јазли беа срам за системот на јавно образование и извор на заразни болести. Децата седеа на стари клупи стари и по неколку децении, додека владите и политичарите зборуваа за образование од 21 век.Опременоста на училиштата со клупи и столчиња не беше третирана како важен момент за во созадавњето на нормални услови за одвивање на училишниот процес. Од 95.000 клупи, 45.000 ќе бидат комплетно опремени со столчиња и ќе се обноват најдотраените клупи во најголем дел од училиштата.Од друга страна состојбата со санитарните јазли во училиштата е алармантна и не ги задоволува основните критериуми.
Адаптацијата на санитарните јазли ќе биде и во насока на што побрза имплементација на проектот за инклузија на децата со посебни потреби, рече Груевски.Тој потсети и на останатите реформски процеси во образованието како воведување на деветолетка, "Компјутер за секое дете" и изградба на спортски сали во 145 училишта. Вечер, 15.10.2007 |