Македонски Односи со јавност Деветолетката донесе седумстотини нови вработувања во наставата

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Деветолетката донесе седумстотини нови вработувања во наставата

ВЕЧЕР бр.13604

Деветолетката отвори можност за вработување на 700 наставници. Од нив 500 се во основно образование, а 200 во средните училишта и тие веќе се на работните места. Поради итноста, работно се ангажирани без конкурс и тоа на три месеци. Во овој период за секое од училиштата треба да се објави конкурс за отвореното работно место. Новите вработувања ги отворија воведувањето на англиски јазик во прво, зголемувањето на часовите по физичко и новиот предмет бизнис и претприемништво за учениците од четврта година во гимназија и во уметничко училиште. Тоа се новите предмети по новите наставни програми и за овие наставници, Министерството за финансии веќе има дадено одобрение.

- Сите кандидати се примени во согласност со законот за основно и средно образование за итни и неодложни работи до три месеци во кој не се предвидува конкурс. Во тој временски интервал Министерството за образование ќе ги утврди сите потреби и барања и ќе распише конкурс. Нема никаква причина на конкурсот да не биде примено истото лице кое веќе работи. Ние немаме надлежност и не сакаме да се мешаме во одлучувањето на директорот кои наставници ќе ги одбере, на предлог на училишниот одбор, вели Љупчо Спасовски, раководител на секторот за основно и средно образование во Министерството за образование.

Оние наставници кои работат повеќе од четири години на одредно време, годинава ќе бидат вработени на неопределено време.

- На сите наставници кои ги исполнуваат условите, а работеле над 4 години ќе спроведеме постапка да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време, за да не ги оставаме во неизвесност, вели Спасовски.

Наставничка по биологија од Скопје е дел од просветниот кадар кој работи со години на определено време. Веќе шест години е ангажирана во неколку средни училишта.

- Секоја година бев во голема неизвесност дали ќе работам од први септември или не. Одвај чекам да ми го регулираат сатусот, вели таа. Пред први септември годинава во пензија се заминати околу 200 до 300 просветни работници.

Технолошки вишок во стручно образование

Кај наставници кои предаваат биологија, хемија, физика и географија во средното стручно образование се јавил технолошки вишок. Фондот на часовите по овие предмети е намален, а во некои стручни училишта за опдредени струки и профили и воопшто ги нема. Нови наставници нема да се ангажираат, се додека не се покрие технолошкиот вишок на кадарот.