|
ДНЕВНИК бр. 3470 На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска свечено беше предаден во употреба новиот објект на Факултетот за бизнис администрација и Бизнис-центарот. Објектот свечено го пушти во употреба евроамбасадорот Ерван Фуере.
- Олеснувањето на визниот режим нека биде дополнителен мотив за трудот на студентите, со цел преку нивното образованието да се стигне поблиску до европското семејство. Македонија вложувајќи во образованието е чекор поблиску до ЕУ- изјави Фуере. Министерот за надворешни работи Антонио Милошовски истакна дека Штуловиот универзитет е пример како квалитетот ги обединил студентите од различни вери и националности. Американската амбасадорка Џилијан Миловановиќ сугерира студентите што повеќе да го изучуваат англискиот јазик, затоа што тоа ќе им ги отвори вратите кон успехот. Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, Алајдин Абази, честитајќи им го почетокот на академската година, образложи дека Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово е привлечен за студентите бидејќи има најдобри услови за работа од сите аспекти. На свеченоста присуствуваше и неговиот основоположник, Макс ван дер Штул. |