Македонски Односи со јавност Рушити пушти ново училиште во Кичево

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Рушити пушти ново училиште во Кичево

04.09.2007 ВЕСТ (бр. 2163)

Министерот за образование и наука Сулејман Рушити вчера во Кичево го предаде во употреба новоизградениот објект на училиштето "Кузман Јосифовски - Питу". Во своето обраќање до присутните, министерот рече: "Од оваа учебна година започнуваме со целосни реформи во образованието. Ја воведуваме деветолетката, а ќе ги компјутеризираме сите училиште во Македонија, така што ќе обезбедиме компјутер за секое дете. Нашиот проект продолжува со изградба на уште 200 фискултурни сали низ целата земја".

Покрај ресорниот министер, на отворањето на училиштето присуствуваа министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и пратеникот во македонскиот Парламент Илија Китаноски, кои во нивното обраќање потсетија дека во некое друго време и тие биле ученици во ова осумгодишно училиште. Министерот Милошоски на училишната библиотека и донираше повеќе книги, атласи и останати училишни помагала.

(З.А.)