|
Стигнаа првите компјутери за средношколците |
|
04.09.2007 ВРЕМЕ (бр. 1166) Премиерот Никола Груевски вчера го посети средното автосообраќајно училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје, во кое пристигнаа првите компјутери од кинеската компанија „Хаиер“. Со акцијата „Компјутер за секое дете“ Груевски рече дека до крајот на ноември ќе бидат инсталирани приближно 100 илјади компјутери, во сите средни училишта и, постепено, во основните училишта од петто до осмо одделение. - Во ова училиште стигнаа првите компјутери, од вкупно 150 илјади што ги планираме за сите ученици во Република Македонија во оваа и идната година. Бидејќи договорот со компанијата што ги произведува компјутерите се склучи кон крајот на минатата недела, денеска се стигнати само дел компјутери во неколку училишта. Првите впечатоци се одлични и затоа сметам дека ќе бидеме земја што ќе биде спомнувана по тоа што секој ученик во основните и во средните училишта има компјутер пред себе - рече Груевски.
|