Македонски Односи со јавност ДНЕВНИК бр.3418, 17.07.2007

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

ДНЕВНИК бр.3418, 17.07.2007

 

ДНЕВНИК бр.3418, 17.07.2007

 

Легло во студентски дом само преку интернет

 

 

Само преку интернет ќе може да се конкурира за место во студентските домови.

Електронската пријава студентот треба да ја испрати до студентскиот дом преку интернет-страницата на Министерството за образование и наука, www.mon.gov.mk.
Пријавувањето за студентско легло преку интернет се воведува првпат. Изминатите години студентите ги носеа пријавите директно во домовите, при што се создаваа невидени турканици и метеж. Речиси секоја година има голем број поплаки од кандидатите, кои обвинуваат за распределба на леглата според партиска припадност, за манипулации со напумпани бодови и фалсификувани потписи.

 

Од Министерството за образование објаснуваат дека токму од тие причини одлучиле годинава пријавувањето да се врши исклучиво по електронски пат.

 

- Така ќе се избегнат сите неправилности при пријавувањето. Свесни сме дека изминатите години имаше многу поплаки на конкурсот, но со електронското пријавување тие ќе се сведат на минимум - велат во ресорното министерство.
Пријавувањата за место во дом за студентите од втора година па нагоре ќе почнат од 25 јули и ќе траат до 15 август. Рокот за пријавување на бруцошите ќе почне на 10 септември и ќе трае десет дена. Студентите во Скопје ќе конкурираат за 4.670 легла во неколкуте домови. Во студентскиот дом во Охрид ќе се тркаат за 211 слободни места, во Штип за 112, во Прилеп за 354, а во Битола за 370.

Проектот за електронско пријавување го финансира УСАИД, а софтверската апликација ја изработува фирмата „Сеавус“.

(Д.Т.)