Македонски Односи со јавност УТРИНСКИ ВЕСНИК бр.13571, 10.08.2007

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

 

УТРИНСКИ ВЕСНИК бр.13571, 10.08.2007

 

 

Наднаслов

 

Наслов на текстот

 

Поднаслов

 

 

Тендер за изградба или реконструкција на сто училишта

 

 

 

Владата ќе распише меѓународен тендер за изградба или реконструкција на сто државни училишта со учество на приватен капитал или популарно наречен јавно-приватно партнерство, најави заменик-министерот за образование и наука, Јован Лазаров. На вчерашната прес-конференција во Владата, Лазаров информира дека вкупните материјални средства за градење на училиштето ќе ги обезбеди приватниот инвеститор кој ќе биде избран по пат на меѓународен тендер, а при изборот за најповолен понудувач единствениот критериум ќе биде најниската цена на лизинг.

 

Вложените средства на инвеститорот ќе му се враќаат на рати во форма на лизинг и се' до исплатата на последната рата училиштето ќе биде во сопственост на инвеститорот, а по отплаќањето тоа преминува во сопственост на општината.

Средствата на инвеститорот ќе му се враќаат во рок од 20 години преку надомест за лизинг и тоа првите две години средствата ќе ги враќа Владата, од третата до десеттата година 90 отсто од средствата ќе враќа Владата, а 10 отсто општината и од 11-тата до 20-тата година 80 отсто од средствата ќе враќа Владата, а 20 отсто општината. Големината и квалитетот на училиштето што ќе треба да се изгради ќе ги утврди Владата заедно со општината, а сите заинтересирани општини ќе треба најдоцна до 15 август да достават апликација. Заменик-министерот Лазаров се надева дека тендерот ќе биде распишан најверојатно до 15 септември. (МИА)

 

Дневник бр. 3418

Д.Т

17.07.2007

2 стр. (МАКЕДОНИЈА)

Проширена инф. 1 катег.