Македонски Односи со јавност Архива ИЗВЕСТУВАЊЕ за стипендии за интердисциплинарен Мастер за источноевропски студии при Универзитетот во Болоња- научно-дидактички отсек во Форли

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

ИЗВЕСТУВАЊЕ за стипендии за интердисциплинарен Мастер за источноевропски студии при Универзитетот во Болоња- научно-дидактички отсек во Форли Верзија за печатење
27.07.2007

Ве известуваме дека Амбасадата на Република Италија нуди стипендии за интердисциплинарен Мастер за источноевропски студии при Универзитетот во Болоња- научно-дидактички отсек во Форли.

Организатор: Универзитетот во Болоња, научно-дидактички отсек во Форли, во соработка со италијанското Министерство за надворешни работи;

Цел: Мастерот е наменет за оперативни кадри со одговорна позиција во развојниот процес на сопствената земја;

Место: Форли-научно дидактички отсек.

Времетраење: Две години (започнувањето е предвидено за месец ноември 2007).

Стипендија: Стипендијата опфаќа месечен износ за покривање на трошоците за сместување и исхрана во износ од 877,98 евра, школарина, едно патување во обете насоки (одење и враќање), здравствено осигурување и осигурување против незгоди, како и износ од 100 Евра за првично сместување.

Потребно е: Диплома за завршено високо образование од следните области: економски науки, земјоделие, јазици и литература, социјални науки, меѓународни науки и дипломатија, комуникации, италијански јазик и книжевност; психологија, вработени во приватни и јавни институции; своерачно писмо во кое се опишува мотивацијата на кандидатот за Учество на ваквиот мастер. Биографија на англиски јазик; Добро познавање на англискиот јазик (се претпочита некаков документ т.е сертификат за познавање на англиски јазик од јавна или приватна установа за изучување); Познавање на работа со компјутери; Пожелни се препораки од работодавец или универзитетски професор; Копија од диплома и уверение за завршено високо образование; Фотокопија од пасошот и лична изјава за враќање во родната земја после завршување на мастерот, своерачно потпишана.

Процедура: Да се пополни формуларот (може да се добие при Италијанската амбасада кај лицето за контакт) и да се поднесе до Амбасадата заедно со потребните документи (погоренаведени); напомена: оригиналот на дипломата се донесува за увид а фотокопијата треба да биде преведена од судски преведувач чиј што потпис е депониран во Италијанската амбасада). Кандидатурите треба да се достават во две копии (т.е. да се состави еден комплет документи и од него една фотокопија). Исто така, кандидатот треба да се запише т.е. поднесе барање на веб страната: www.mirees.it/call for application/apply on line/

Рок: заклучно со 4 мај

Контакт лице: Диана Стерио Саздова: тел. 3236504