|
СООПШТЕНИЕ за потпишувањето на Спогодба за научна и технолошка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија |
|
|
27.07.2007 |
|
Денеска (23.07.2007) во Министерството за образование и наука беше потпишана Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка.
Во име на Република Македонија Спосодбата ја потпиша министерот за образование и наука Сулејман Рушити, а во име на Република Австрија министерот за наука и истражување Јоханез Хан.
За време на потпишувањето министрите изразија задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји во областа на образованието и науката и желба за продлабочување на соработката на полето на науката и технологијата согласно со политичките, економските и социјалните услови, особено во врска со процесите на интеграција во Европа.
На потпишувањето присуствува и амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија Филип Хојос, проф. Хуберт Дурштајн, ректор на Универзитетот за ресурси на Р. Австрија, како и претставници од австриското Министерство за истражување и наука.
На средбата и на чинот на потпишувањето на меморандумот присуствуваа и ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Ѓорѓи Мартиновски, и рекорот на Државниот тетовски универзитет, Сади Беџети.
Делегацијата од Министерството за наука и истражување на Република Австрија, во текот на еднодневната официјална посета на Република Македонија, ќе оствари и работна посета на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Одделение за односи со јавност
|