|
Информација за уписот на учениците во прва година (прво пријавување во првиот уписен рок) во јавните средни училишта во Република Македонија Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок беше на 21 и 22 јуни 2007 година, а резултатите од запишувањето и слободните места во училиштата каде што нема да има квалификационен испит на знаење беа објавени на 25 јуни 2007 година. Во училиштата каде што има ученици со ист број на поени на 27.06.2007 година ќе се одржи квалификационен испит на знаење по наставни предмети кои се од значење за струката, а резултатите ќе бидат соопштени на 28 јуни 2007 година. Во првиот уписен рок, прво пријавување, се запишаа 18.095 ученици и тоа: - на настава на македонски јазик 13.977 ученици; - на настава на албански јазик 3.818 ученици; - на настава на турски јазик 221 ученици и - повторувачи 79 ученици. Слободни места има 12.335 и тоа: - на настава на македонски јазик 8.639 ученици; - на настава на албански јазик 3.368 ученици; - на настава на турски јазик 205 ученици; - на настава на српски јазик 34 ученици и - за повторувачи 89 ученици. Во гимназиското образование се запишаа 7.630 ученици во Републиката, од кои во наставата на македонски јазик 5.561 ученици, во наставата на албански јазик 1.907 ученици, во наставата на турски јазик 116 ученици и повторувачи 46 ученици. Слободни места за гимназиско образование има за 3.308 ученици. Во стручното образование се запишаа 10.465 ученици во Републиката, во наставата на македонски јазик се запишаа 8.416 ученици, во наставата на албански јазик 1.911 ученици, во наставата на турски јазик 105 ученици и повторувачи 33 ученици. Слободни места за стручно образование има за 9.027 ученици. Од вкупно запишаните ученици (10.465) во првото пријавување во првиот уписен рок, во четиригодишно образование се запишани 8.853 ученици, а во тригодишно образование се запишани 1.612 ученици. Слободни места за првиот уписен рок - второ пријавување има за 12.335 ученици и тоа во гимназиско образование 3.308, а во стручното образование 9.027 слободни места. Квалификационен испит ќе се одржи на 27.06.2007 година со почеток во 10.00 часот во следните училишта: -
СУГС “Д-р Панче Караѓозов“, Скопје, каде што ќе се изврши проверка на знаење на 112 ученици за 34 слободни места за профилот медицинска сестра на албански наставен јазик. -
СУГС “Арсени Јовков“, Скопје, каде што ќе се изврши проверка на знаење на 163 ученици за 136 слободни места за профилот економски техничар на албански наставен јазик. -
СОУ “Наце Буѓони“, Куманово, каде што ќе се изврши проверка на знаење на 84 ученици за 68 слободни места за профилот медицинска сестра на албански наставен јазик.
|