|
Врз основа на член 30 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 37/98; 40/03), МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА распишува К О Н К У Р С за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2007/2008 година Во учебната 2007/2008 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат редовни студенти од универзитетите во Република Македонија и тоа во: - СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР “СКОПЈЕ”- СКОПЈЕ со 3.423 легла
- Студентски дом “Гоце Делчев”- Скопје;
- Студентски дом “К.Ј.Питу”- Скопје;
- Студентски дом “Стив Наумов”-машки згради - Скопје;
- Студентски дом “Стив Наумов”-женска зграда- Скопје;
- Студентски дом “Стив Наумов”-бараки- Скопје;
- Студентски дом “Н.Георгиева Дуња”-бараки - Скопје;
- ДСД “ПЕЛАГОНИЈА”- СКОПЈЕ со 877 легла
- СД “НИКОЛА КАРЕВ” – ОХРИД со 211 легла
- СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТ “МАКЕДОНИЈА”- ШТИП со 112 легла
- ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”- ПРИЛЕП со 354 легла
- ДСД “Т.СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ”- СКОПЈЕ со 370 легла
- СД “КОЧО РАЦИН” БИТОЛА со 370 легла
- УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
- Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:
- Редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале студиска година;
- Редовни студенти на факултети кои имаат осум семестри и не повторувале повеќе од една студиска година;
- Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две студиски години;
- Да се државјани на Република Македонија.
Б. Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаат неподмирени долгови кон домот, немаат право на прием. II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава, за студентскиот дом каде што бараат да бидат сместени, преку интернет адресата http://www.mon.gov.mk/domovi/. Рок за пријавување на студентите од II година и повисоките студиски години трае од 25.07.2007 година до 15.08.2007 година. Рокот за пријавување на студентите од I година трае од 10.09.2007 година до 20.09.2007 година. III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарната ранг-листа, потребно е да ги достават следните документи: - Потврда за успех и редовност во студирањето на студентот-апликант, кои што домовите по службена должност ќе ги земаат од матичните факултети, а на барање на студентот;
- Потврда за семејно-материјална положба на студентот, односно неговото семејство;
- Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
- Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионери чек од последната пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
- Студентите – брачни другари, доставуваат извод од матичната книга на венчани;
- Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана;
- Новозапишаните студенти од 1 година, наместо потврда за успех и редовност (точка 2), да достават диплома за завршено средно образование.
Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом, каде што студентот конкурирал најдоцна до 24.08.2007 година, а за студентите од I година најдоцна до 26.09.2007 година. IV. НАЧИНОТ И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулира согласно Закон. Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови. Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките студиски години ќе бидат објавени на 16.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет страната на Министерството за образование и наука. Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука. Испразнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите. Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од I година ќе бидат објавени на 21.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука. Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука. Доколку се обезбедени соодветни услови слоботните места во студентските домови ќе може да се пополнат и со ученици, редовно запишани во училиштата за средно образование. V. РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ Студентите од повисоките студиски години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2007-10.09.2007 година. Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во времето од 01.10.2007-10.10.2007 година. МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА МИНИСТЕР, Сулејман Рушити
|