Македонски Односи со јавност Архива ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА Верзија за печатење
13.08.2007

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈA


КОНКУРС ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА, МГИМО
МОСКВА

Одобрени уште две стипендии за студирање во Русија на Факултетот за меѓународни економски односи:

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација ја извести Амбасадата дека согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација, Московскиот државен институт за меѓународни односи (МГИМО) изрази готовност на Републка Македонија да и додели две стипендии, односно да прими две лица на редовни студии.

МГИМО очекува до 01. јуни 2004 г. да биде информиран за предложените кандидати, со назначување на факултетот на кој би студирале. Кандидатите треба да ги исполнуваат условите кои се дадени во прилог:

- владеење на рускиот јазик (во обем на домашната национална школска програма);  

- владеење на странски јазик;

- познавање на математичката група на предмети

- положени тестови во овие области ( тестирањето ќе се одвива од 27 јуни до 4 јули во МГИМО);

- Платата за живеење во студентскиот дом на МГИМО изнесува 100-150 долари месечно.

ТЕСТИРАЊЕ ПО РУСКИ ЈАЗИК:

Во тестот ке треба да се направат неколку задачи:

- по граматика и лексика, време на извршување 15 мин.

- да се сослуша дијалог, интервју и неговото запишување во вид на монолог, време на извршување 40 мин.

- реферирање на статија, време на извршување 40 мин.

ТЕСТИРАЊЕ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК

Тестот ке се состои од писмена задача и устен одговор. Писмениот тест е наменет за проверка на лексиката и граматиката,Целта на усниот тест е проверка на познавањето и одговарањето на прашања а со цел поддржување на дијалог на странски јазик.

ТЕСТИРАЊЕ ПО МАТЕМАТИКА

Со тестот по математика се  проверува познавање и решавање на неколку равенки и неравенства, процентуални задачи, пресметување на значење на тригонометриска функција, задача по аритметичка и геометриска прогресија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС

1. Нотарски заверена копија од документот за завршено средно образование, со нотарски заверен превод на руски и англиски јазик;

2. Копија од национлниот пасош;

3. 6 слики 3х4 (мат, црно бели);

4. Медицинско уверение со податоци за хронични болести;

5. Заклучок од ренгенолошко испитување на градниот кош;

6. Документот за комплетните направени вакцинации, заверени со печат на медицинската организација;

7. Резултат од испитување за сифилис;

8. Пожелно е да постои меѓународен сертификат за негативна ХИФ инфекција;

9. За запишување на државната линија-Полиса за медицинско осигурување призната нна територија на Руската федерација (или интерен договор за медицинско осигурување во амбулантата на МГИМО).

Контакт адреси:

MGIMO-University
Post-Soviet Studies Center
119454, Moscow Russia

PR.Vernadskogo, 76

+(7-095) 434 0089
+(7-095) 434 9066

This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
http://www.mgimo.ru/