Македонски Односи со јавност Архива COST- COOPERATION IN SCIENCE AND TECHNOLOGY IN EUROPE (СОРАБОТКА ВО НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ЕВРОПА)

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

COST- COOPERATION IN SCIENCE AND TECHNOLOGY IN EUROPE (СОРАБОТКА ВО НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ЕВРОПА) Верзија за печатење
10.08.2007

 

 

Република Македонија

                МИНИСТЕРСТВО ЗА

             ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

 

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА

 

COST- COOPERATION IN SCIENCE AND TECHNOLOGY IN EUROPE

 (СОРАБОТКА  ВО НАУКАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ЕВРОПА)

 

COST (Соработка на полето на науката и технологијата во Европа) е најстара рамка  на научна соработка  на европските земји, основана 1971  година  на Конференцијата  на 19 министри  за наука  на земјите членки на ЕЗ, ЕФТА во  Турција.

На 107-та Седница  на високи   функционери на COST, одржана  во Стокхолм  на 16 и 17  јуни 1992  година, донесена е одлука  за рамноправно членство  во COST на Република Хрватска и Словенија, а понатаму  со поделбата на Чехословачка, членки  станаа и Чешка и Словачка.  На министерската конференција  одржана  во  Прага на 27 мај 1997 година, членки на COST  станаа и Естонија, Малта и Романија, а Советот на високи функционери  на COST   доби мандат  да  решава за  апликацијата на Бугарија, Кипар, Латвија и Литванија. Овие држави станаа полноправни членки на ЦОСТ во мај 1999 година. Во јуни 2000 година Израел доби статус на придружна држава - членка на COST (cooperative state), а покасно  во COST се примени Сојузна Република Југославија и Македонија.

Република Македонија, на наше барање,  на 148-от состанок на COST, што се одржа на Кипар на  13 и 14 мај 2002  година, едногласно , по скратена постапка  е примена како рамноправна членка.

Денес 34 европски земи се членки на COST: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Македонија, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Малта, Холандија,  Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведка, Турција,  Велика Британија, Србија и Црна Гора и Израел,  како придружна членка.

 

          Програмата COST се  темели на  четири основни  принципи: 

· Отвореност – сите  земји на COST без оглед дали се  членки на  ЕУ или не , можат  да предлагаат истражувачки акции (bottom up approach).

· Слобода на избор – учеството во акциите е  слободно за  сите  COST земји во зависност од  нивните национални приоритети и интереси (а ла царт).

· Децентрализирано финансирање – истражувањата се финансираат  на национално ниво.

· Заеднички акции – истражувачки  активности кои ги координира  централен управен одбор.

Од својот почеток COST беше форум идеја за соработка  во сите истражувачки подрачја  на Европа. Со својата отвореност , флексибилност и слободна соработка COST  им носи  многу предности  на сите  земји членки.  Тука се вклучени координацијата на истражувањата и избегнување на удвојување, поделба на резулатите на сите земји учеснички, делотворно известување и можност  за секоја поедина земја да го фокусира проблемот во  согласност со своите  посебни интереси.

Програмата COST е посебно ориентирана на оние подрачја на истражување  каде  поедини акции можат да  им донесат корист на земјите учеснички. И додека во времето на основањето биле нагласени подрачјата на телекомуникацијата, информатиката, сообраќајот, материјали, океано­графијата, метеорологијата и екологијата, с# повеќе сегашните иниција­тиви се свртуваат кон општествените  науки, хемијата,  меди­цинските истражувања и шумарството. COST целосно го промовира концептот  “bottom-up working”, каде што секоја земја  членка може да преземе Акција која пак  може да вклучува и по неколку проекти. Ваков флексибилен пристап  доведе до успешна  координација  на повеќе акции кои го трасираат патот  према некои други истражувачки програми на ЕУ.


Подрачјата во  кои  сега се  реализираат акциите на COST се следниве: 

· Телекомуникации и информатички науки и технологија

· Транспорт

· Океанографија

· Материјали

· Екологија

· Метеорологија

· Земјоделие и биотехнологија

· Прехранбена  технологија

· Mедицина

· Градежништво

· Хемија

· Шумарство

· Динамика на флуидите

· Физика

· Нанотехнологија

· Општествени и социјални науки

Во моментов COST програмата координира преку 150 акции/проекти каде  во просек се вклучени по 15 земји. 

Соработката во проектите се регулира со потпишување на меморандум за разбирање ( Memorandum of Understanding), кој нема сила на меѓународен документ, затоа не мора да го верифицират националните собранија.

Финасирањето на проектите е на национално ниво, а резултатите  од истражувањата се достапни  на сите учесници во проектот. По правило се работи за проекти кои се од заеднички интерес за повеќе земји, или пак од општ интерес  (пр. екологија, океанографија, метеорологија), односно  од интерес  на заедничките  европски стандарди. Предноста на соработката  во рамките на COST е во фактот што со рамноправана соработка  на проектите се  создаваат услови за  сите останати облици на меѓународната соработка, а националните програми се доведуваат во релација со истражувањата во Европа и во светот.

На чело на COST се наоѓа  Комитетот на високи функционери (CSO), кој го сочинуваат национални COST координатори, претставници  на соодветни државни институции на земјите членки, а за подрачјата  со поголем број проекти (телекомукации, сообрајќај и др.), постојат  технички комитети. Во тек е процесот на формирање на слично тело за  нанотехнологија. 

COST и во блиска иднина ќе биде еден од најшироките научни програми во Европа и како таков  усопешно ќе го доплонува 6-от програмскиот циклус на Европскта Унија (FP6).

Од приемот на Република Македонија  во COST до сега, нашето учество  се реализира  во неколку  акции  од областа на Градежништвото (Акција Ц12 “Подобрување на квалитетот на конструктивните системи со нови технологии”, Акција Ц16 “ Подобрување на квалитетот  на постојните енвелопи на урбаните згради”, Акција 534  “Нови материјали за системи на бетонски конструкции”) , Земјоделието и биотехнологијата (Акција  845  Бруцелоза кај луѓето и животните) , Шумарство и шумарски производи  ( Акција Е29 “Современи дрвени и композитни елементи - компоненти за згради”), а наскоро и во Акцијата Е 27 “Заштита на шумските области” и Акцијата 855 “Кламидоза кај  животните и  нејзиното зоонозно значење”.

Од пред извесно време по предходни преговори, Високиот Комитет  (CSO) на  својот редовен состанок  во декември  минатата година донесе  одлука  да го помага  учеството на нашите истражувачи  кои се вклучени  или ќе се вклучат  во некои од COST  акциите.

На овој начин на научно-истражувачките кадри од Република Македонија  им се пружа поголема слобода да можат да се вклучат во рамките на COST во некои од постојните  акции или да предлагат  нови.

Министерството за образование на наука, како надлежен орган за координирање  на активностите на COST  на национално ниво, имајќи го сето ова превид, како и фактот дека нашата земја располага со научен потенцијал со осбени постигнувања во повеќе  подрачја, кој може на  рамноправна основа да се вклучи во мрежата на европските и светските  научно-истражувачки проекти во рамките на COST,

 

        У П А Т У В А

 

       ПОКАНА

До сите  научно-истражувачки институции чии кадри реализираат определени проекти или кои предходно се докажале  со својата  научно-истражувачка дејност, работејќи  на проекти во земјата и странство, доколку  оценат  дека својата работа и постигнатите резултати можат  да ги презентираат  и да придонесат  во некоја од акциите на  COST,  да се обратат  до Министерството  со соодветно барање  за вклучување во некоја акција.

Министерството во рамките на своите надлежности ќе ја оцени оправданоста  на барањето за вклучување  во поедина  COST акција, ќе го координира  предлагањето  и прифаќањето и ќе ја следи  успешноста во реализацијата на ова учество.

Напоменуваме дека од Фондот  на COST ќе се обезбедуваат патните и дневните трошоци за по еден истражувач од Република Македонија  вклучен  во определена  акција, со цел  да присуствува  на состаноците на менаџментските и техничките комитети.

За подетални информации заинтересираните можат да ја посетат интернет страната на COST: www.cost.sordis.lu, kako и да се обратат  во стручната служба  на Министерството, во Секторот за наука на Катерина Шумановска, тел. 3118 022, Факс: 3117 580, e-mail: This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it

 

 

Скопје, февруари 2004 година