|
20.11.2008 |
|
Министерств ото за образование и наука Ве известува дека на 15 ноември 2008 година се одржа „Отворен ден на Министерството“ на кој граѓаните можеа да остварат средба со министерот Перо Стојановски, заменик на министерот Линдита Ќазими, директорот на Државниот просветен инспекторат Роберт Ѓоргиев и со раководителот на секторот за основно и средно образование Љупчо Спасовски. На средбата граѓаните изнесоа проблеми претежно од личен карактер. Министерот Стојановски изрази надеж и верување дека денешната пракса ќе покаже резултати и истакна дека Министерството планира отворениот ден да стане традиционален и редовно да се организира секоја втора сабота во месецот. 
Во текот на денот Министерот оствари средба со градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски. На средбата беа отворени прашања за проектот за презов на лица со посебни потреби, за проектот за поставување на пристапни рампи во средните училишта, за едуцирање на кадри за противпожарната бригада на град Скопје како и други прашања поврзани со образованието и локалната самоуправа. Одделение за односи со јавност
|