|
12.11.2008 |
|
Министерството за образование и наука Ве известува дека утре, 13.11.2008 година, министерството ќе одржи информативна средба со директорите на сите основни училишта во Република Македонија. На средбата ќе бидат изложени постигнувањата и придобивките на училиштата од спроведувањето на првата рунда на училишни грантови, во рамки на Проектот за модернизација на образованието, а ќе бидат објаснети и критериумите за учество во втората рунда на грантови. На средбата ќе земат учество Министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски, високи претставници на МОН, претставници на Бирото за развој на образованието, како и претставници на Проектот за модернизација на образованието. Поканети се директорите на сите основни училишта во Македонија, претставници на Светската банка и на Амбасадата на Кралството Холандија. Средбата ќе се одржи во хотел Континентал во 11.00 часот. Се покануваат сите медиуми.
|