Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

СООПШТЕНИЕ Верзија за печатење
12.11.2008

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека во текот на вчерашниот ден, 11.11.2008 година, претставници на Министерството за образование и наука го посетија Велес. Поводот за посетата беа протестите на средношколците кои бараа измени во екстерното оценување. Претставниците остварија средба со директорите од средните училишта од Велес, со претставници од локалната самоуправа како и со претставник од Државниот просветен инспекторат.

На средбата беше разговарано за барањата на средношколците во врска со измените во екстерното оценување. Беше договорено наставата да продолжи нормално да се одвива во средните училишта во Велес. Во меѓувреме Министерството за образование и наука ќе ги разгледа доставените барања од учениците и ќе одговори на истите.

 

Одделение за односи со јавност