|
Општина Карпош денеска ја пушти во употреба новоизграденото училишна зграда на „Јан Амос Коменски”, чија изградба е финансирана со заем од општината во износ од 635 илјади американски долари. Со искористувањ ето на овој кредит, што претставува прв општински заем за финансирање на нова училишна зграда, општината Карпош ја заврши изградбата на основното училиште „Јан Амос Коменски“. Изградбата вклучи инсталирање на греење, електрична инсталација и осветлување, како и кровна конструкција што ќе ја користат енергијата на ефикасен начин. Општината Карпош обезбеди средствата ги обезбеден со гаранција од страна на Гарантниот фонд за заеми на УСАИД, преку УНИ Банка. Овој фонд обезбедува гаранции за финансирање на проекти за инфраструктури со ефикасно користење на енергијата во општините. Проектот на УСАИД за локална самоуправа, кој и помогна на општината Карпош да ги исполни условите за овој заем, им помага на македонските општини преку поддршката на развојот на меѓувладиниот финансиски систем, подобрувањето на општинските можности за финансиско работење, зајакнувањето на кредитоспособноста на општините, подобрување на наплатата на даноци и такси, помагање на општините да го поттикнат локалниот економски развој, како и зголемувањето на транспарентноста и одговорноста на локалната самоуправа. Успешна децентрализација на владините институции е приоритетна акција која Владата на САД ја споделува со Република Македонија. Успешноста на општините значи и успех на државата. Унапредена локална инфраструктура значи повеќе работни места, подобри услуги за граѓаните и подобри услови за образование за учениците, истакна на отворањето директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Мајкл Фриц. Американскиот народ, преку УСАИД, има инвестирано околу 500 милиони американски долари во Македонија од 1993 година. Извор: Миа, 03.11.2008 година Одделение за односи со јавност
|