|
Резултати од работата на Министерството за образование и наука во изминатите 100 дена |
|
|
07.11.2008 |
|
На 06.11.2008 година, во Министерството за образование и наука се одржа прес-конференција на која беа претставени резултатите од работата на Министерството во изминатите 100 дена. Резултатите од активностите на Министерството ги претстави министерот за образование и наука г-дин Перо Стојановски. Покрај министерот Стојановски на прес-конференцијата присуствуваа: заменик-министерот за образование и наука г-ца Линдита Ќазими, Државниот секретар г-дин Дарко Митевски, Директорот на државниот просветен инспекторат г-дин Роберт Ѓоргиев и Директорот на Бирото за развој на образованието г-ѓа Весна Хорватовиќ. За резултатите од активностите на Министерството за образование и наука во изминатите 100 дена поопширно на следниот линк: презентација.
|