|
03.11.2008 |
 Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за информатичко општество на 2 ноември 2008 година, свечено доделија 125 стипендии на талентираните студенти по информатика од државните и приватните универзитети во Република Македонија. Стипендиите ги доделија Министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски и Минитерот за информатичко општество, г-дин Иво Ивановски, како и присутните ректори на дел од државните и приватните универзитети од Република Македонија. Износот на стипендиите изнесува 5.500 денари месечно, согласно Конкурсот за доделување стипенди и на студенти запишани на студиските програми по информатика за студиската 2008/2009 година. Владата на Република Македонија со вложувањето во образованието инвестира во иднината на сите нас и во иднината на Република Македонија. Само преку квалитетно образование влијаеме врз создавање на индивидуи кои ќе бидат способни да одговорат на предизвицита кои ги носи животот. Доделувањето на 125 стипендии за талентирани студенти запишани на студиските програми по информатика на државните и приватните универзитети во Република Македонија е една од реформите во високото образование. Одделение за односи со јавност
|