|
Информација за прославата по повод 23 октомври, ден на македонската револуционерна борба |
|
|
22.10.2008 |
|

На 22.10.2008 година, Министерството за образование и наука на Република Македонија организираше пригодна прослава по повод, 23 октомври, ден на македонската револуционерна борба. На прославата учествуваа ученици од средните училишта од Република Македонија. Прославата започна во 12.00 часот во Младинскиот културен ценатар со проекција на „Заклетва“ видео запис, на документарните филмови „Илинден 1903“ и „Крушевска република“. 
Потоа учесниците на манифестацијата ги посетија црквата Св. Спас и поставката во музејот на Гоце Делчев, каде положија цвеќе на гробот на истакнатиот македонски револуционер. Прославата заврши со посета на историската поставка во Музејот на Македонија.
Одделение за односи со јавност
|