Македонски Односи со јавност Активности на министерството Средба на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски со Шефот на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, амбасадорот Ерван Фуере

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Средба на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски со Шефот на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, амбасадорот Ерван Фуере Верзија за печатење
20.10.2008

На 15.10.2008 година, министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски оствари средба со Шефот на делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, амбасадорот Ерван Фуере. Во текот на разговорот беше разгледана состојбата во врска со образованието во Република Македонија. Притоа, едно од прашањата за кое се разговараше, беше Законот за образование за возрасни и неговата натамошна примена. Во таа насока, беше истакната можноста за помош на делегацијата на Европската комисија во Скопје. Исто така, беше разговарано и за други прашања во врска со образованието во Република Македонија со разгледување на можностите за унапредување и интензивирање на постоечката соработка помеѓу двете страни.


Одделение за односи со јавност