Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Информација Верзија за печатење
09.10.2008

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука Ве известува дека во академската 2006/2007 година се запишале 8847 бруцоши, а во академската 2007/2008 година, се запишале вкупно 12700 бруцоши.

Во оваа академска 2008/2009 година, по вториот уписен рок, се запишаа вкупно 16192 бруцоши што претставува 78% од вкупниот број на завршени средношколци во оваа учебна година.

Ваквиот број на бруцоши кои прв пат се запишуваат во прва година на факултет е резултат на кампањата „Образованието е сила, образованието е моќ“, на деконцентрацијата на високото образование, имплементирање на државната матура, како и на спроведување на Болоњскиот процес во високото образование. Ова зборува дека реформите во високото образование одат во вистинска насока и покажува дека станува збор за победа на еден концепт во однос на еден друг концепт.

 

Одделение за односи со јавност