Македонски Односи со јавност Активности на министерството Светскиот ден на учителот одбележан со свечена академија

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Светскиот ден на учителот одбележан со свечена академија Верзија за печатење
07.10.2008

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на вработените во образованието, науката и културата СОНК денеска со свечена академија го одбележаа Светскиот ден на учителот. Образованието и учителите во Македонија играат исклучително важна улога во подигањето на младите личности, зголемувањето на знаењето и промовирањето на вистинските вредности, истакна во обраќањето премиерот Никола Груевски, кој е покровител на Академијата.

Премиерот посочи дека денес образованието и учителите се соочуваат со низа предизвици кои ги носи современото општество, тековните реформи во образовниот систем, напредокот на технологијата, изменетите услови на стекнување на знаењето и изменетите интереси на ученикот.

Сето тоа бара современо едуциран учител, прилагодување на современите услови на настава и многу креативност во работата, подобрување на условите за настава, инвестиции и јасна политика на продуцирање на кадри и вештини барани во современиот свет, рече премиерот Груевски и потсети на проектите со кои во изминатиот период Владата спроведува реформа на училишниот и образовниот систем.

Потсетувајќи оти од оваа учебна година се воведува системот за следење на напредокот и постигнувањата на учениците преку национално стандардизирани тестови премиерот најави оти нема да остапи од неговата реализација и покрај протестите.

Нема да отстапиме од нашата цел, затоа што нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, наставниците заслужуваат достоинственост во професијата, а оваа земја квалитетен кадар и подобра иднина, рече Груевски.

Според него, Владата ја потврдува сериозноста на сите вложувања во образованието и преку ставката од 5,9 проценти од БДП, кои оваа година се издвојуваат за образованието.

Претседателот на СОНК Дојчин Цветановски ги поздрави мерките на Владата во последните години во образованието, но порача оти мора повеќе и побрзо да се исправи неправдата кон вработените во образованието, пред се во однос на висината на нивните плати.

За да покажете дека искрено работите на поправање на состојбите во образованието бараме многу брзо потпишување на веќе усогласените нови колективни договори за основното и средниото обрзование, како и довршување на преговорите за високото образование, истакна Цветановски.

По повод Светскиот ден на учителот на свечената академија премиерот Груевски додели плакети на најстарите просветни работници во државава, Благој Тренџов, Ангел Трајков и Невзет Јашари.

УНЕСКО го прогласи 5-ти октомври за Меѓународен ден на учителите во 1993 година. Интернационалата за образование, која претставува 29 милиони образовни работници во 166 земји, го празнува Светскиот ден на учителот од 1966 година.

Извор: www.vlada.mk