|
Почитувани присутни, дами и господа Почитуван г-дин д-р Алоис Краут, амбасадор на Република Австрија во Република Македонија Ми претставува задоволство што вечерва можам да учествувам на заокружувањето на проектот Зелен Пакет-образование на одржлив развој во основните училишта во Република Македонија, проект кој успешно се реализира од страна на Региноналниот Центар за заштита на животната средина во соработка и со финансирање на Австриската влада преку Австриската Агенција за Развој. Проектот кој што беше реализиран во периодот од мај 2006 до септември 2008 година, во кој нашите австриски партнери дадоа финансиска поддршка, ние им се заблагодаруваме, бидејќи овозможија подобрување на условите за работа во нашите основни училишта. Различните видови на едукативни материјали-прирачник за наставници со наставни планови, ДВД колекција од 32 филма, интерактивен ЦД-РОМ со проширени информации за 22 теми се значајна компонента за поуспешен образовен процес. Сега наставниците, користејќи ги информациите на Зелениот Пакет, имаат можност да ги применат во образованието за одржлив развој, речиси во секој наставен предмет, како што се биологија, географија, хемија, природни науки и граѓанско образование. Значајно на овој проект е тоа што за разлика од другите земји кај нас се изработува и Зелен Пакет за децата со посебни потреби, односно со децата со оштетен вид. Почитувани присутни, Успешното реализирање на овој проект, како и многуте други проекти во областа на образованието и во другите полиња од општествениот живот, е најдобар индикатор дека соработката и партнерството се битни фактори за развојот на едно модерно општество. Затоа Владата на Република Македонија, а со тоа и Министерството за образование и наука, е во постојано барање за нови партнери за соработка, бидејќи само на овој начин нашата земја ќе може да го достиге вистинскиот прогрес. На крајот уште еднаш им се заблагодарувам на сите фактори и сароботници кои учествуваа во реализацијата на овој успешен проект, особено на претставникот на австриската влада, т.е. амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија г-дин Алоис Краут. Благодарам!
|