|
Во периодот од 29 септември до 3 октомври 2008 година, во Виена (Австрија) се одржа 52-то Заседание на Генералната конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). На конференцијата учествуваше делегација на Република Македонија, предводена од Државниот секретар на министерството за образование и наука на Република Македонија, г-дин Дарко Митевски. Во работата на конференцијата свој настап имаше Државниот секретар на министерството, г-дин Дарко Митевски, кој се осврна на значењето на соработката на Република Македонија со МААЕ, во поглед на постигнувањето на потребниот степен на радиоциона сигурност од страна на Република Маке донија во согласност со меѓународните стандарди. Во поглед на напорите на меѓународната заедница за обезбедување на колективна безбедност беше истакнато дека, Република Македонија пристапи кон обврзувачките правни инструменти и ги вгради во националното законодавство за оваа област. Во таа смисла, беше искажана благодарност во поглед на севкупната поддршка на МААЕ во зајакнувањето на капацитетите на Дирекцијата за радијациона сигурност. Во своето обраќање тој посебно го нагласи значењето на програмите на МААЕ за регионална соработка во кои Република Македонија зема активно учество. Тој го истакна и значењето на досегашната техничка соработка во чии рамки одредени македонски институции се промовирани во центри на извонредност и започнаа да работат како тренинг институции за земијите во регионот. Државниот секретар оствари средба со заменикот на директорот на МААЕ, Ана Марија Чето, на која беше искажано взаемното задоволство од успешната соработка, со посебен осврт на идните проекти, меѓукои, најзначаен е проектот за основање на центар за PET scan дијагностика. За овој проект, Владата на Република Македонија ќе ги обезбеди потребните финансиски средства за набавка на опремата, додека МААЕ ќе обезбеди бесплатни експертски услуги и обука на персоналот. Проектот ќе се реализира во периодот 2009-2011 година и е единствен од ваков вид во регионот. На маргините на Конференцијата, беа остварени повеќе билатерални средби со претставници на државите од регионот, во функција на натамошно јакнење на регионалната соработка.
|