Македонски Односи со јавност Активности на министерството Средба на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Неговата екселенција Хакан Окчал

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Средба на министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Неговата екселенција Хакан Окчал Верзија за печатење
26.09.2008

На 22.09.2008 година, министерот за образование и наука, г-дин Перо Стојановски имаше средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Неговата екселенција Хакан Окчал. За време на протоколарната средба на амбасадорот на Република Турција, г-дин Хакан Окчал со министерот за образование и наука на Република Македонија, г-дин Перо Стојановски, разменети се мислења за можностите за високо образование кои што ги нуди Република Турција за учениците од Република Македонија, проектите кои што ги води ТИКА (Турската агенција за меѓународна соработка) на полето на образованието и проблемите со кои се среќава образованието на турски јазик во Република Македонија. Во тие рамки, изразена е согласноста за зацврстување на соработката на полето на образованието помеѓу Турција и Македонија, продолжување на напорите за квалитетно образование на децата кои што се образувааат на турски јазик и изнаоѓање на нови можности за соработка.