Македонски Односи со јавност Активности на министерството Реакција на Министерстерството за образование и наука во врска со шпекулациите за одземање на ингеренциите од областа на образованието на градоначалникот на општина Неготино

Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Реакција на Министерстерството за образование и наука во врска со шпекулациите за одземање на ингеренциите од областа на образованието на градоначалникот на општина Неготино Верзија за печатење
26.09.2008

Во врска со информациите дека Министерството за образование и наука ги има одземено ингеренциите во делот на образованието на градоначалникот на општина Неготино, Министерството за образование и наука сака да Ве извести дека тоа претставува ширење на дезинформации во јавноста и повикување на погрешни членови од Законот за средно образование.

Имено, при разрешување на директорот во ОУ „Гоце Делчев“ од Неготино, Државниот просветен инспекторат, како надлежен за законитоста во основното, средното и високото образование, примени законита процедура во три чекори.

По направената инспекција во ОУ „Гоце Делчев“ беа констатирани низа неправилности меѓу кои: склучување на договори надвор од законските рамки, непостоење на финансов план за трошење на сретствата на училиштата, нереализирање на вкупниот годишен фонд на наставни часови, нерегулирано стекната лиценца за директор и други неправилности.

При спроведување на првиот чекор, се даде можност на директорот на училиштето, во рок од 30 дена, да ги поправи повредите на Законот кој ги има направено. Во вториот чекор, откако директорот не ги поправи овие повреди, на Училишниот одбор му се дадоа дополнителни 30 дена да ги поправи воочените грешки. Откако ни ова не беше спроведено, во третиот чекор задолжение на градоначалникот беше да го разреши директорот, а на Советот на Општината да го разреши Училишниот одбор.

Дури во четвртиот чекор, откако претходните три чекори не беа спроведени, Министерството, според член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование (Сл. Весник на Р. Макеоднија бр.35 од 23.03.2006 година), го разреши директорот и Училишниот одбор на основното училиште.

 

Одделение за односи со јавност